Градскиот зелен пазар во Битола во ноќните часови ќе биде комплетно осветлен со нови лед светилки. Работите за поставување на осветлувањето ќе започнат во понеделник, информираат од ЈП Пазари-Битола.
-Градскиот пазар во Битола ќе светне и во ноќните часови. ЈП Пазари го заврши тендерот за поставување на нови ЛЕД светилки во градскиот пазар. Промената на старите светилки ќе заврши за десетина дена. Вкупна инвестиција 200.000 денари се обезбедени од сопствени извори. Темницата ќе стане минато, вели директорот на ЈП Пазари- Битола Владе Атанасовски.
A.Б.