fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Цане Божиноски – Секое одбивање да се откупи договорената количина на тутун е основ за одговорност на откупувачот

Сојузот и институциите да не молчат, веднаш да се реагираат

Бурни реакции кај производителите на тутун, во моментот откупувачите си поигруваат со откупот на тутунот, што е незаконски, велат земјоделци за Зелан берза. Според нив откупувачите откупуваат само тутун што им одговара, останатиот им го враќаат на земјоделците или однапред им кажуваат кој тутун да не им го носат.

Во однос на овој актуелен проблем Цане Божиноски, добар познавач на домашната и меѓународна легислатива во тутунопроизводството за Зелена берза дава објаснување на договорот за производство и откуп на тутун. .

 

Толкување на Договорот за производство и откуп на тутун  

 

Договорот создава строга и недвосмислена обврска за откупувачот да ја откупи целокупната договорена количина тутун произведена од производителот. Предметот на договорот е јасно дефиниран по парцели, површина и количина, со што е исклучена можноста за делумен или селективен откуп.

Проценката на квалитетот влијае само на класата и цената, но не и на обврската за откуп на количината. Не постои одредба што му дозволува на откупувачот произволно да одбие количина поради квалитет или инсерција (берба). Секое одбивање да се откупи договорената и уредно произведена количина претставува повреда на договорот и основ за правна одговорност на откупувачот.

Пишува Цане Божиноски, добар познавач на домашната и меѓународна легислатива во тутунопроизводството.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close