За седум отсто е намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2019 година во однос на истиот период лани.
Според Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство има кај трупците од листопадни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.