fbpx
ВестиТоп вести

Изречени 34 казни од кои 5 барања за прекршочна постапка  во контролите за палење на стршнита

 

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информираше дека за време на викендот ги зачести контролите на терен. Оттаму велат дека од спроведени над 200 контроли изготвени се записници и 34 казни од кои 5 барања за прекршична постапка  за сторен прекршок спротивно на член 46 став 2 а казни во по член 61 став 3 од Законот за земјоделското земјиште а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари.

Од ДИЗ информираат дека соработката со општините, како и со полициските единици на МВР е добра, особено во Кочани каде што оваа појава е најзачестена, а се со цел запирање на трендот на загадувањето на воздухот, палењето на стрништа, палењето на шумите и друга вегетација  контролите на терен да се вршат самоиницијативно или тимски со преставници на Министерството за внатрешни работи, Територијална против пожарна единица и Државниот инспекторат за  земјоделство секаде онаму каде има земјоделски површини и постои опасност од палење на стрништа и друга вегетација.

ДИЗ ќе продолжат со интензивините контроли на терен, со цел континуирана и посветена борба против аеро загадувањето кое се случува преку палење на стрништа и земјоделски површини.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close