вестиТоп вести

Придобивки од користење на затворени системи за молзење

Млечниот сектор во Македонија се труди да ги задоволи барањата на пазарот во однос на квантитетот и квалитетот на суровото млеко, но секојдневно се соочува со голем број на предизвици. Најчести пречки со кои се соочуваат млекопреработувачите се несоодветното спроведување на стандардите за производство, ниската хигиена на фармите како резултат на застарените практики за управување, потешкотии во одржување благостојбата на животните и високите трошоци за производство на храна за молзните крави.

Нискиот квалитет на суровото млеко е резултат на недостатокот на едукација, техничка поддршка,соодветна опрема за спроведување на стандардите за хигиенска безбедност на млекото,но и неусогласената национална регулатива. За производството на млеко во малите индивидуални фарми се карактеристични нискиот степен на модернизација и ниски хигиенски стандарди. Млекото сеуште се молзе со рачни молзни системи кои на малите фарми (со 20-25 молзни грла) им одземаат 4-5 часа во денот само за оваа активност. Освен временскиот фактор, овој начин на молзење влијае негативно и на квалитетот на млекото, поради изложеноста на висок ризик од контаминација кога млекото се пренесува од шталата до лактофризерот. Дополнително, оваа активност побарува и висока физичка способност, бидејќи целокупниот транспорт на млекото од шталата до лактофризерот се врши рачно. За малите индивидуални фарми со 20-25 молзни грла, тоа значи рачно пренесување на 400-500 литри млеко на ден.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем веќе една година го помага секторот во надминување на овие пречки. Една од централните активности на Проектот се заедничките инвестиции со водечки компании од секторот (млекари, големи фарми, трговци на сточна храна и опрема и др.) во унапредување на капацитетите на млекопроизводителите во пелагонискиот регион. За надминување на овој проблем кај малите индивидуални фарми, Проектот и млекарата Лакталис Македонија заеднички ја финансираа набавката на затворени системи за молзење на пет фарми, заедно со поддршка за спроведување на повисоки стандарди за хигиена во производството и собирањето на млеко, што ќе се одрази и во повисоки приходи за производителите.

Резултатите од користењето на затворени системи за молзење за веќе видливи. На петте фарми со 20-25 молзни грла каде што беа инсталирани системите може да се забележи:

  • Зголемена млечност кај кравите од 5% во првите 3 месеци;
  • Намалување набројот на бактерии и соматски клетки во млекото за75% (индикатор за зголемен квалитет);
  • Премин од Прва во Екстра класа на млекото уште во првиот месец на користење на системот за молзење;
  • Намалување напотребата од работна сила при молзење од 300%-400%. Досегашните искуства од фармите беа дека за молзење на 20-25 крави сепотребни 4-5 часа, додека со затворениот систем овој процес трае само1-1,5 часа.Во текот на една година, станува збор за заштеда на 155 работни денови од по 8 часа!

Но какви се придобивките од овие резултати за млекопроизводителите?

  • Намаленото времетраењето напроцесот на молзење на производителите им ослободуваат 3-4 часа секој ден кој сега можат да ги посветат на други активности во делот на подготовка и производство на добиточна храна, со што дополнително ќе можат да го унапредат своето производство и да генерираат повисоки приходи.
  • Обезбедувањето на работна сила во земјоделството, а особено на сточните фарми, станува се потешко. Затворените молзни системи помагаат да се ублажи овој проблем затоа што штедат не само на работни часови, туку и на потребата од физичка сила во процесот на молзење и транспорт на млекото.
  • Главната придобивка се дополнителните приходи поради подобрување на квалитетот и квантитетот на произведеното млеко. Во просек, секоја од петте фарми на кои беа поставени затворените системи за молзење бележи зголемување на годишните приходи за 51.836 денари. Ако ја пресметаме паричната заштеда од намалената потреба за работна сила, добиваме годишна заштеда од 155.000 денари (ако претпоставиме просечна дневница од 1.000 денари по шталски работник). Земајќи во предвид дека еден затворен систем за молзење на 20-25 грла чини околу 465,000 денари, можеме да пресметаме дека целосната инвестиција се враќа за 2,2 години (доколку фармата користи платена работна рака за молзење). Сите дополнителни приходи и заштеди после тој период се чист профит за производителот!Секако, зголемувањето на рентабилност на производството секогаш отвора нови можности за инвестиции во нова технологија која дополнително може да придонесе за зголемување на продуктивноста на фармата.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close