Опаѓа македонското земјоделско производство. Се помалку производители, но и помалку обработени површини.
Земјоделските здруженија бележат стотици хектари незасадено земјиште. Стихијноста во производството, негарантираниот откуп но и климатските промени последниве години придонесуваат за намалување на земјоделското производство и затоа е потребно сериозно вложување во земјоделскиот сектор.
Како мерка за модернизација на производството, ресорното министерство ќе гради откупно – дистрибутивни центри.
Според земјоделците тие се потребни, но важно е како ќе се организираат за да не се повтори фијаското со Агрокор.
Министерствто за земјоделство планира да гради два откупно дистрибутнивни центри, во Струмица и Ресен и агрофуд платформа во Скопје. Средствата се обезбедени од Светска банка.
извор:Телма