fbpx
Вести

Откуп на пченица

До почетокот на август биле ожнеани скоро 65.000 хектари или 80 проценти од вкупните жетвени површини.

otkup na pchenica

 

Досега, собраниот род тежи 230.000 тони, а се очекува вкупно производство од 320.000 тони пченица што е повеќе за 65 проценти од лани.

И просечениот принос по хектар е висок и изнесува 3.600 килограми што е зголемување за 45 отсто од претходната жетва.

Според последните податоци на министерството досега се откупени 65.000 тони со просечна откупна цена од 8,58 денари за килограм.

Во Србија, пак, од каде што откупуваме најголем дел од житото за задоволување на домашните потреби, цена на пченица на берзaта во Нови Сад е 7,4 денари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close