fbpx
Вести

Најголема финансиска поддршка за растителното производство

oranje

Со директни плаќања во 2017-та година земјоделците треба да добијат финансиска поддршка од скоро 100 милиони евра. Средствата се распределени во сите делови од аграрот, а најголемиот дел од парите се наменети за покривање на трошоците за растителното произвотство.

 Земјоделците ќе добијат повеќе од 32,5 милиони евра за растителното производство, а сточарите 19,2 милиони евра.Засега за субвенционирање остануваат досегашните мерки за дополнителната финансиска поддршка за развој на земјоделството, односно помошта за осигурување, помошта за младите земјоделци, за регистрираните земјоделци, за нивите и фармите кои се наоѓаат во планинските неразвиени подрачја, како и помошта за штетите настанати од временски непогоди.

Висината на финансиска поддршка учествува со 5 до 50 проценти од вкупните трошоци во зависност од културата која се одгледува.

Поради сезонскиот карактер на производството, пријавувањето и крајните рокови за почеток и крај на исплатата на парите се одредени со годишен календар.

Секоја година финансиската поддршка стартува и први ја добиваат тутунарите.

 


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close