fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Најмалку една недела до резултатите од Естонија што се гори во печките на УСЈЕ

Најмалку една недела до резултатите од Естонија што се гори во печките на УСЈЕ

Камионите се на паркинг, РДФ отпадот за горење е во нив, а ќе се чека најмалку 7 дена за да заврши првин анализата во Естонија па да се види дали отпадот ќе го продолжи патот кон печките на УСЈЕ. Директорот на царината објасни дека во Естонија се пратени полукилограмски коцки со примероци од италијанскиот отпад.

Министерот Нуредини тврди дека бара поголема и поефикасна меѓуресорска соработка. Ќе ја посети Дрисла, а директорот на депонијата и скопскиот градоначалник денеска ја прескокнаа заедничката прес конференција поради други обврски.Се информираат и во Бугарија за нивните проблеми со увозот на РДФ отпад. Ги сподели бројките, како опасен отпад се увезуваат само оловни акумулатори од фирма во Пробиштип и се преработуваат. РДФ отпадот за горење не е опасен и го увезува и гори само Усје за што има и А-интегрирана дозвола. И покрај силните сомнежи во јавноста, надлежните тврдат дека се е во ред со најголемите фирми, додека помалите Б-интегрирани дозволи ги издаваат општините и тие се надлежни за нив. Им нудат помош за контроли да се види што се гори во нивните фабрики. .

Во Собранието е успорена постапката за гласање на законски измени со кои ќе се забрани увоз на РДФ отпад за горење.Нуредини вели дека треба да се провери дали Македонија може да забрани таков увоз бидејќи во моментот ние извезуваме и опасен отпад од ОХИС.

Претходно пак министерот рече дека нема проблем со предложената забрана, но првин треба да се усвојат други 6 еколошки закони меѓу кои и најважниот законот за индустриски емисии.

Извор: Телма

 

Слични написи

Back to top button
Close