fbpx
ВестиТоп вести

Нивите во полошко се дават во смет

 

Голем дел од земјоделските површини во тетовско се пренаменуваат во градежни парцели, но она што највеќе загрижува е што обработливити површини во полошките општини се претвораат во диви депонии.

 

Такви ги има во секоја општина, но најлоша е состојбата во Општина Теарце, или поконкретно во атарите на населените места Непроштено и во Доброште.

Конкретно во атарот на Непроштено депонии има наспроти селото каде се лоцирани нивите на селаните. Таму од приколки се истура се и сешто, буквално има создадено планинни од отпад.

 

-Лоша е многу состојбата. Тука се фрла се, од смет до апарати за домаќинство, па и градежен шут и градежен материјал. Сега е поладно и нема толку многу проблеми , но кога е топло времето најчесто сметот се пали и воздухот е многу загаден. Со сметот се загадуваат подземните води и нивите, а ние ова што го произведуваме го продаваме на пазар, можеби ова е антиреклама за нас, но мора да ја кажеме реалноста и да ги разбудиме властите да преземат мерки за оваа проблематика, рече Евгениј Петровски  жител на Непроштено село кое припаѓа под Општина Теарце.

Мештаните велат дека тука депонии имало пред една деценија , но по неколку годишно молење општинските власти ги исчистиле, но тие пак се создадале во изминативе 5 години. Лошо е што сега со депонии освен зелените и обработливите површини покриени се и полските патишта, кои ги користеле за да стигнат до своите ниви.  

 

-Бараме да имаме пристап до нашите ниви. Некои се откажуваат од земјоделие затоа што до нивните ниви можат да стигнат само пеш и тоа мора да одат по сметот, или пак некои одат со трактор низ нивите, но мора да поминат преку некои други ниви сопственост на соселаните, но тоа не е решение не може секогаш да поминуваш по ниви , некогаш на тие ниви имаа засадено и никнато нешто, некој не те пушта не сака да му поминуваш со трактор низ неговата нива, вели  Чедомир Јовановски од месната заедница од Непроштено

Назми Азиси претседател на месната заедница од Непроштено, вели дека тука смет фрлаат и жители од неговото село, но повеќе се фрла како што тврди од луѓето од соседните села. Проблемот може да се реши само со голема акција за чистење на сметот, но и со поголеми контроли на овие место од страна на инспекциските служби.

 

-Тука треба да има контроли , ако има казни мислам дека ќе престанат луѓето да фрлаат, овој проблем треба да се реши и да има поголеми контроли, ги повикуваме властите да го слушнат нашиот глас за да продолжиме да егистираме од нашите ниви како досега, ако не го слушнат нашиот гласт ќе преземеме радикални чекри, вели Назми Азиси  Претседател на месната заедница од Непроштено

 

Голема депонија има и на влезот од село Доброште Општина Теарце, во селата Челопек и Милетино Општина Брвеница, но досега ниту општинските власти ниту пак централните не презеле сериозни чекори за решавање на проблемот, гледајќи како им се уништува можеби најобработливата земјоделска површина во Македонија .

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close