fbpx
ВестиТоп вести

Објавена постапката за избор на изведувач за изградба на пречистителна станица во Битола

 

Уште еден капитален проект за Општина Битола влегува во фаза на реализација. Со проектот за „Изградба на пречистителна станица и колекторски систем”, Битола ќе добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.

Министерството за финансии, преку единицата за централно финансирање и склучување на договори, го објави тендерот „Изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола“. Крајниот рок за доставување на понуди е 10.02.2020.

Во моментот, во завршна фаза е и постапката за избор на надзор на изградбата и реконструкцијата.

Вкупната вредност на овој проект кој е финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени и Владата на Република Северна Македонија изнесува 27,8 милиони евра.

Со реализацијата на проектот ќе се реши проблемот со отпадните води кои во моментот се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал, информираат од општина Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close