fbpx
ВестиТоп вести

Подземни системи за наводнување капка по капка за пченка

Заштедата на вода, пари и време се главните предности на системот за наводнување капка-по-капка, поради што овој начин на наводнување на растенијата се препорачува како најефективен начин за наводнување во земјоделството.

Системот капка-по-капка опфаќа целина од елементи со кои комплетно се полева една површина. Се работи за трајна инвестиција – се поставувате еднаш, а секористите повеќе години. Предноста на системот е дозирањето на водата и нејзино насочување до местото каде што најмногу ќе се искористи – коренот на растението. Исто така, при наводнувањето со системот капка-по-капка може да се врши и ѓубрење, при што со самото ѓубрето ќе се испорача директно до коренот на растението, со што се елиминира било какво пробивање или протекување на минералните ѓубрива во подпочвените води или било кој воден тек во близина на насадот.

Подземнитекапка-по-капка системи се повеќе од уреди за наводнување –тие се алатка за управување со кореновите зони каде земјоделецот може во секој момент да интервенира со обезбедување на вода или хранливи материи. На тој начин најефикасно се максимизирање приносите на наводнуваните култури.

Овој подземен вид на капка-по-папка системи за прв пат годинава се воведе во македонското земјоделство со кофинансирање од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и компаниитеБиМилк и Маганмак. Првиот подземен капка-по-капка систем беше поставен на парцела со пченка во сопственост на сточарска фарма во Пелагонија, со дел да се демонстрира како оваа иновативна технологија може значително даго зголеми производството на добиточна храна во регионот.

Подземните системи за наводнување капка-по-капка имаат големо влијание врз приносите на пченка. Иако на парцелите на кој се постави системот се доцнеше со сеењето(сеидбата беше завршена на 3 јуни, 2019),  пченката на овие полиња после речиси три месеци направилно наводнување и ѓубрење го достигна оптималниот прираст кој може да се очекува во тој период. Ако се спореди со другите полиња со пченка во регионот, дури и со оние наводнувани со надземни капка-по-капка системи, можеме да заклучиме декадекапарцелите со подземниот систем имаат одличен прираст.

Подземниот систем за наводнување капка по капка се поставува на длабочина од 40 до 50 см, што овозможува понатамошна обработка на почвата без да се оштети системот. Растојанието помеѓу редовите изнесува 1 метар, или пак на површина од 1 хектар се поставува 10.000 метри на латерали со растојание на капалките од 50 см со капацитет од 1 литар на вода на час.

 

(14 јули, 2019)

                     

Подземни системи                                                       Надземни системи                         Ненаводнувана

за наводнување                                                              за наводнување                                    парцела

(засеана на 3 јуни, 2019)                              (засеана на 14 мај, 2019)                                    (засеана на 28 април, 2019)

 

 

(7 август, 2019)

   

Подземни системи                                                             Надземни системи

за наводнување                                                                 за наводнување

(засеана на 3 јуни, 2019)                                       (засеана на 14 мај, 2019)

 

Ненаводнувана

парцела

(засеана на 28 април, 2019)

 

Зошто подземни системи за капка-по-капка наводнување?

Подземните системи за наводнување капка-по-капка се најефикасните систем за наводнување порадипомалитеоперативни трошоци од надземните системи, заштедата на вода и работни часови за наводнување, како и ѓубрењето со ефикасност од 100%.

Животниот векна подземните системи може да биде и до 25 години, зависно од изведба, правилното одржување и управување со системот.

Ефикасна употреба на вода

Со овие системи, загубата на водата преку испарување, истекување и понирање е практично елиминирана. Студиите покажаа дека за пченка одгледуванасо подземните системи капка-по-капка, потребната вода за наводнување може да се намали и до 40%во споредба со конвенционалното наводнување,без влијание врз приносите.

Прилагодувања на големината на полето, формата и топографијата

Подземните системи за наводнување капка-по-капка обезбедуваат можност за прилагодува на која било големина, форма, нагиб и местоположба на парцелата, притоа обезбедувајќи 100% покриеност на парцелата, што овозможува да се максимизира производството и минимизирате трошокот на вода. Благодарение накапалките и нивниот компензирачки притисокот, ридовите и падините се наводнуваат со поголема униформност од било кој друг систем.

Очекувани резултати од употребата на подземните капка-по-капка системи кај луцерката

Користејќи ги постојните податоци за производство на луцерка, светските искуства и временските услови кај нас, подготвивме основна пресметка за ефектот од употребата на овој тип на наводнување кај луцерката, каде очекуваните резултати се прикажани во табелата подолу:

  Број на откоси Број на бали со луцерка на ha Количина на луцерка kg/ha Финансиски ефект од употребата на системот
Традиционален начин на производство на луцерка 3 405 7000  MKD 35,000.00
Очекувани резултати во првата година од употреба на подземниот систем 4 480 8500  MKD 42,500.00
Очекувани резултати од употреба на подземниот систем 6 910 16000  MKD 80,000.00
% на зголемено производство од луцерка на 1 хектар 200% 225% 229% 229%

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close