fbpx
Вести

Работа во пчеларникот во Јули

pcelarstvo

Со високи дневни и ноќни температури се одликува месец јули. Дневните температури често се толку високи што значајно го намалуваат собирањето на нектар. Високите температури ги принудуваат пчелите наместо да собираат нектар да вентилираат и да носат вода. Многу енергија се губи во одржувањето на добра микроклима. Пчеларот треба да ги потпомага пчелите, бидејќи загубите од високите температури се многу големи. Пчелите треба да имаат лесен пристап до вода, добра вентилација (длабоки мрежести подници) и др. Во Македонија, овој месец може да имаме и главна паша – сончоглед, фацелија, шумска ливада и др. За главните паши треба да имаме јаки пчелни семејства, па дури и гигантско јаки пчелни семејства. со над 70.000 пчели, кои даваат необично многу мед. Тоа ќе го обезбедиме со соединување на повеќе друштва во едно или повеќе матично пчелно друштво, но задолжително пред настанувањето на главната паша да се исцеди целиот мед од вака гигантското семејство и да се внимава да биде правилно застапена старосната структура на семејството односно да има соодветен број на нектаро-собирачки и нектаро-прифаќачки. Пчеларот треба да знае дека за слабо пчелно семејство нема главна паша.

Јули може да биде и беспашен месец, а со тоа ќе се намали и бројноста на пчелите. Дко пчелите вака се остават нивниот број во септември може да биде и помал од 10.000 пчели, но тоа несмееме да го дозволиме. Современото пчеларство има на располагање повеќе начини за спречување на јулско-августовското ослабување. Јулските пчели не ја дочекуваат зимата и пролетта, но затоа тие создаваат услови за непрекинат развој и опстанок на пчелите.

Јачина на семејството во јули се постигнува со млада и плодна матица и соодветна прихрана со протеинско-јаглехидратна храна. Во овај месец се испилува последната генерација на трутови која се наоѓаше во трутовското легло се префрла во работничкото легло. Оштетеното работничко легло не дава добро потомство за презимување на семејството. За да се спречи сето ова потребно е веднаш по вадењето на медот да се примени некоја заштита за поништување на вароата. Имено, да се зачува јачината на пчелното семејство треба да се обезбеди поништување на вароата, доволно протеино- јаглехидратна храна и млада матица. Матицата е срцето и душата на пчелното семејство.

Крајната цел во ова време и во август е да обезбедиме семејство со 30.000 пчели, обезбедено со храна, млада матица. Тука е важно зимските пчели да не бидат амортизирани од нектаро преработување (прихрана) и спремни успешно да го поминат тешкиот зимски период.

Јули и август се решавачко важни за цело годишниот успешен биолошки развој. Од овај месец биолошката крива опаѓа надолу, а нејзиниот пад треба да биде задржан над 30 000 пчели во семејството, чии број се влог за наредната година.

Крајот на јули резервирајте го за заштита на пчелите од вароата, а проверете ги резервите на храна.

 


 

ффрм

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close