– Квотата беше воведена за периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година. Откако ќе се исцрпи квотата, испораките во земји надвор од Евроазиската економска унија ќе бидат суспендирани привремено во тој период – рече заменик-министерот за земјоделство, Оксана Лут.
Со оглед на сегашната динамика, извозот ќе биде суспендиран кон средината на мај, додаде таа.
Од денес, помалку од 4.2 милиони тони жито останаа во рамките на утврдената квота од 7.0 милиони тони.
Заменик министерот изјави дека ниту една компанија нема да биде ослободена од забраната.
Москва го воведе ова ограничување кон крајот на март за да обезбеди снабдување на домашниот пазар во „тековни економски услови“ како резултат на пандемијата на коронавирусот.
Според владината регулатива, извозот на пченица, ‘рж, јачмен и пченка (освен семе) не треба да надминува седум милиони тони. Сепак, ограничувањето не се однесува на земјите членки на Евроазиската економска унија предводена од Русија – Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.