Се намалува добиточниот фонд во Македонија
Намалување на добиточниот фонд во македонското сточарство особено е забележан во Југоисточниот регион. Бруцелозата, но и болеста син јазик се главните причинители за намалување на бројот на добиток, децидни се познавачите. Освен тоа, ветеринарите посочуваат дека и незаинтересираноста на младите за сточарство влијае врз замирањето на оваа земјоделска гранка
Во текот на последните неколку децении кај животните се појавија многу нови болести, а се проширија и веќе постоечките. Добиточниот фонд во Македонија не беше поштеден од овие трендови и тој го плати данокот на новото време. Бројот на говеда во последните 10 години е намален за околу 4 отсто. Трендот на намалување на сточниот фонд би можел да се запре со адекватни проекти за окрупнување, здружување и создавање поголеми фарми…
– Матичното стадо гледано преку бројот на крави и стелни јуници е намалено за 4,5 отсто, или за 7.000 грла. Бројот на овци е намелен за 70 отсто, на живина за 18 отсто, а бројот на свињи забележа пораст од 7 отсто, но матичното стадо – бројот на маторици и спрасни назимки остана на исто ниво, покажуваат анализита на Стопанската комора на Македонија.
Дел од овие промени кај добиточниот фонд се резултат на болести, а дел на зголемената трговија и патувањето, кое носи патогени во нови региони. Најголемата закана за живиот свет се уште е загубата на живеалиштата, често предизвикана од растот на обработливо земјиште. Сепак, болестите имаат огромно влијание врз намалувањето и истребувањето на животинската популација.
Намалување на добиточниот фонд во македонското сточарство особено е забележан во Југоисточниот регион. За да продолжи долгогодишната традицијата и да се зачува природното производство, сточарството мора постојано да се развива и да се применуваат нови технолошки мерки, велат експертите.
Освен тоа, ветеринарите посочуваат дека и незаинтересираноста на младите за сточарство влијае врз замирањето на оваа земјоделска гранка. Во селата се намалува бројот млади луѓе. Соодветно на тоа се намалува и бројот на стоката.
Бруцелозата, болеста син јазик и болеста јазлеста кожа се главните причинители за намалување на бројот на добиток, децидни се познавачите.
– Болестите си го направија своето. Намалување на добиточниот фонд е се поевидентно во последните години, а како резултат на тоа се намалуваат и површините засадени со сточна храна. По она што се случи со болестите, повеќе од потребно е да му се посвети поголемо внимание на развојот на сточарството, вели Никола Стаменов, претседател на Федерација на фармери на РМ.
Предизвикувачите на болести вируси, бактерии и паразити може да се размножуваат и да се одржат во живот во векторите при неповолни услови, особено во текот на зимата, или пак векторите може да го пренесат предизвикувачот механички, од животно на животно како на пример предизвикувачот на болеста на јазлеста кожа. Одредени инсекти, самостојно или со помош на ветерот, може да поминат поголемо растојание од 2 до 100 километри и на тој начин да ја пренесат болеста далеку од местото каде што таа се појавила. За да се спречи размножувањето и презимувањето на ларвите во изметот од животните потребно е истиот соодветно да се обработи и да се компостира бидејќи притоа се развива температура која со сигурност ги уништува ларвите. Ѓубривото кое што се добива на тој начин може да се користи за наѓубрување на земјоделските површини.
Одгледувачите на животни треба редовно да го чистат изметот од животните, да го собираат на куп, подалеку од објектот за животни или од местото каде што престојуваат животните и да го покријат со пластична фолија. За уништување на ларвите пожелно е да се врши дезинсекција на ѓубрето со ларвицидни средства, по можност органски, кои што се регистрирани во Македонија. Важно е да се отстранат сите предмети каде што се собира и се задржува вода бидејќи застоената вода создава поволни услови за размножување на инсектите.
Jeśli masz wątpliwości co do działań swoich dzieci lub bezpieczeństwa ich rodziców, możesz włamać się do ich telefonów z Androidem z komputera lub urządzenia mobilnego, aby zapewnić im bezpieczeństwo. Nikt nie może monitorować przez całą dobę, ale istnieje profesjonalne oprogramowanie szpiegowskie, które może potajemnie monitorować działania telefonów z Androidem, nie informując ich o tym.
Monitoruj telefon z dowolnego miejsca i zobacz, co dzieje się na telefonie docelowym. Będziesz mógł monitorować i przechowywać dzienniki połączeń, wiadomości, działania społecznościowe, obrazy, filmy, WhatsApp i więcej. Monitorowanie w czasie rzeczywistym telefonów, nie jest wymagana wiedza techniczna, nie jest wymagane rootowanie.