fbpx
Вести

Во општините од југоистокот редовно се наводнуваат посевите на над 3.000 хектари

Со системите за наводнување преку хидромелиоративните системи Конска Река, Паљурци и Валандово се наводнува земјоделско земјиште на површина од 3.021 хектар во сопствеништво на 1.192 корисници кои потпишале договори со гевгелиската подружница на АД Водостопанство на РМ.

– Пред почетокот на сезоната беа извршени сите неопходни подготовки, пред се контролата на системите за наводнување при што беа отстранети сите дефекти. Покрај тоа извршивме чистење на каналската и цевководната мрежа и на браздите во должина од 260 метри. Целосно беа исчистени и бетонските и главните канали на ХМС Конска река во должина од 570 метри, на ХМС Удово во должина од 950 метри и на браната Паљурци, рече директорот Ристо Ѓуров.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close