Слоу Фуд Македонија по петти пат учесник на Cheese, фестивалот посветен на млекото во сите негови форми и вкусови кој се одржа 20-23 септември во Бра, Италија во седиштето на организацијата Слоу Фуд. Мотото оваа година беше „природно е возможно“. Овојпат застапеноста на Македонија во програмата на настанот беше во рамки на програмата на Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет и нивното „Аперитиво во 5 попладне“, во „Куќата на биодиверзитетот“ со дегустација на македонски сирења. На ова издание Слоу Фуд Македонија го презентираше „Жолтото сирење“ на: Мартин Трајковски, „Старото огниште“, с.Петралица, Крива Паланка (од овчо млеко)и Давид Неделковски, „Кози, млеко, планина“, с.Раштак, Скопска Црна Гора (од козјо млеко).