fbpx
ВестиТоп вести

Уште два дена за поднесување барање по Мерката 115 – АПРЗ одблиску со земјоделците

Уште два дена за поднесување барање по Мерката 115 –

АПРЗ одблиску со земјоделците

На истекот на рокот за финансиската поддршка по Мерката 115 Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжува со работилници и совети како најдобро може да се искористат овие средства.

Во присуство на земјоделци и претставници од Министерството за земјоделство шумарство водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, Институтот за агроекономика катедра агробизнис советниците од АПЗ уште еднаш потсетија на целите, кој може и за што да добие финансиска помош по Мерката 115.

Како корисници  Мерката 115 – Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, можат да се јават и физички и правни лица.

Физички лица:

Индивидуална земјоделка – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност, Индивидуална земјоделка – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник  согласно Зкон за пензиско и инвалидско осигурување ,

Индивидуална земјоделка – носител на земјоделско стопнаство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност

Правни лица

Трговско друштво регистрирано согласно Закон за трговски друштва

Трговец поединец регистриран согласно Закон за трговски друштва.

Андреј Соколовски советник од АПРЗ пред присутните земјоделци уште еднаш потсети на прифатливите трошоци  и потребните документи што треба да ги поднесат  заинтересираните апликанти. Земјоделците имаа можност да поставуваат прашања за одредени недоразбирања околу самата апликација и собирањето на потребните документи.

Потребни документи кои барателот треба да ги обезбеди:

1 Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за електронско поднесување на барање на e-baranie.ipardpa.gov.mk

(барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано од страна на поднесувачот на барањето)

2 Понуди/профактури со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со потпис и печат) (Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски јазик заверени од овластен судски преведувач)

 3 Деловен план – изготвен согласно Упатсвото за изготвување на деловен план

4 Решение за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

5 Годишна даночна пријава (УЈП)

Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус – самохран родител

7 Потврда од Фондот за инвалидско и пензиско осигурување за лица регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување

Целта на оваа мерка е подобрување на целокупните резултати  од работењето  на земјоделското стопанство  и достигнување на повисоки стандарди од минималните утврдени со Законите  од областа  на земјоделството или ново воведени стандарди од областа на земјоделството. Инвестициите се наменети за зголемување на ефикасноста  на производството преку намалени трошоци на земјоделското производство  и подобрување на квалитетот.

 

П.Јовановска

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close