вести

Државно земјоделско земјиште за производство на добиточна храна

Ќе се стимулира производството на сточна храна. Владата, на барање на малешевските сточари, ќе објави оглас за доделување на 1000 хектари, државно земјоделско земјиште за производство на добиточна храна. Огласот пред се ќе биде наменет за оние земјоделци кои веќе поседуваат стока, најави заменик министерот за земјоделство при посетата на пехчевското село Негрево.

Од локалната самоуправа сметаат дека ова ќе биде позитивен импулс за младите да почнат да се занимаваат со земјоделство, особено ако се има предвид трендот на иселување во овој регион.

drzhavno zemjodelsko zemjishte za proizvodstvo na dobitochna hrana

 

– Објавуваме јавен оглас кој ќе биде посебно наменет за сточарите за да можат да добијат под поволни услови земјоделско земјиште за да произведуваат добиточна храна за своите стада.-изјави Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство.

Костадиновски додаде дека само во општина Пехчево во изминативе 8 години, инвестирани се преку директни плаќања над 7 милиони евра за субвенционирање на земјоделците, пред се за сточарите кои се доминантни во овој регион. Последната од низата мерки е и начин за запирање на процесот на депопулација на руралните средини.

– Мислам дека ова е позитивен импулс за да можат граѓаните да се задржат, посебно со тоа што се дава стимул за помладите за да се занимаваат со земјоделство-изјави Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.

Изминатата година 134 -ца ја искористиле мерката за поддршка на млади земјоделци со покривање на нивните инвестиции до 10 000 евра, со што за нив се обезбедени 1, 3 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close