Јавен повик за третата бескаматна линија во висина од 31 милион евра
Денеска објавувам почеток на уште една мерка со која ќе се поддржат компаниите, а со тоа и нивните вработени и нашата економија - рече Битиќи.
На денешната прес-конференција на која присуствуваа вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов, беше промовирана на третата бескаматна линија со грант компонента – Ковид 3.
– Живееме во најголемата економска и здравствена криза во современата историја, а тоа коронавирусот ковид-19, кој во глобални рамки влијаеше и ги промени општествените текови, а особено не економски план. Во цело ова време на криза, владата во инкузивен процес и координација со стопанските комори, синдикатите, огранизации на работодавачи, на работници и сите чинители работеше на креирање на соодветни мерки со кои ќе се поддржи стопанството и ќе се поддржат најранливите групи граѓани – рече Битиќи.
Тој истакна дека се креирани четири сета мерки кои ја следеа логиката на структурата на бруто домашниот производ, а основна цел е да се задржи секое работно место, да се овозможи помош на оние граѓани на кои таа им е најпотребна и да се оддржи ликвидноста на компаниите. Овие мерки беа поздравени од граѓаните и стопанството.
– Денеска објавувам почеток на уште една мерка со која ќе се поддржат компаниите, а со тоа и нивните вработени и нашата економија. Развојната банка го објави јавниот повик за трет линија за бескаматни кредити со грант компонента – Ковид 3. Со тоа на стопанството на располагање му се ставаат 31 милион евра – вели Битиќи, кој се заблагодари на Европската Унија која преку механизамот од ИПА програмата обезбеди 30 милиони евра за реализација на оваа мерка, додека 1 милион е државна помош поддршка од наменските програми во буџетот за справување со коронавирусот.
Директорот на Развојна Банка, Кире Наумов рече дека почетокот за доставувавње на барањата е закажан за 16 декември од 00.00 часот, а повикот ќе трае 14 дена. По затворањето на повикот, барањата ќе се обработуваат хронолошки, а кредитите ќе се даваат по принципот „Прв дојден прв услужен“.
– Сите домашни субјекти треба да имаат пад на приходите од април до август за 20 отсто во однос на минатата година. Кредитите ќе треба да се вратат за три години а грејс периодот е шест месеци. Минимален износ е 3.000 евра, а максималниот 5.000 евра за трговец-поединец и занаетчија и 15.000 евра за мало и микро претпријатие – рече Наумов.
Ќе има и кредити со грант компонентата од 30 отсто, за претпријатија управувани од жени, млади до 29 години, извознички фирми чии приходи од странство се најмалку 50 отсто и тие од зелена економија, односно кои работата на полето на модернизација, дигитализација и иновации.
Евроамбасадорот Дејвид Гир наведе дека доделените 30 милиони евра за оваа најголема досега бескаматна линија е доказ дека Европската унија е најголем помагател на Македонија.
Извор: https://plusinfo.mk/