fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Јавно обраќање на Сојузот на одгледувачи на овци

Реализацијата на легитимно стекнатото право за директна поддршка во сточарството, ги премина сите граници, ги пробива сите рокови и предизвикува оправдано чувство на гнев, револт и неприпадност кај самите одгледувачи.

Јавно обраќање на Сојузот на одгледувачи на овци на РСМ за настанатата ситуација по однос на исплатата на поддршката во земјоделието, односно секторот сточарство

Во период на економска, енергетска и криза за храна со каква се соочуваме периодов во државава, но и на глобално ниво – во нашево општество се поставуваат превртени критериуми и се практикуваат помешани приоритети и вредности. Како држава која ги поседува идеалните услови за производство на храна и поседувала значителен сточен фонд, ние успеваме да го доведеме во прашање опстанокот на сточарството, како гранка која во транзициониот период претставувала основен и најзначаен девизен прилив.

Реализацијата на легитимно стекнатото право за директна поддршка во сточарството, ги премина сите граници, ги пробива сите рокови и предизвикува оправдано чувство на гнев, револт и неприпадност кај самите одгледувачи.

По кој знае кој пат, се соочуваме со минирање на заложбите за градење на партнерски пријателски и конструктивни односи, еднострано – од страна на релевантните институции, што ни дава за право, да во заштита на правата на сточарите, ги искористиме сите легитимни и реципрочни мерки и дејствија.

Со таа цел, постапно, чекорите кои ќе ги преземаме во најскора иднина ќе се реализираат по следниов редослед:

-Најпрво ќе иницираме предвремена реализација на годишно собрание, во Прилеп –зависно од најавеното присуство ќе се избере точната локација.

-При годишното собрание, прва точка на дневен ред ќе биде дефинирањето и конкретизирање на мерките и ставот кој Сојузот на одгледувачи на овци ќе го завземе по однос на исплатата на директната поддршка, односно субвенциите.

Јавно ги повикуваме сите сточари, кои имаат можност, да се пријават во матичните локални или регионални здруженија, со што би се организирале за присуство на настанот од најголемо значење за сите одгледувачи на овци.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close