fbpx
Вести

10 причини заради кои треба да јадиме карфиол

Карфиолот нуди многу опции за импровизација во готвењето. Можете да го подготвите на многу начини, и тоа ќе обезбеди многу корисни состојки за вашето тело.

Еве некои предности на карфиолот.

Карфиолот е зеленчук кој не содржи масти и натриум. Редовната употреба на карфиол го намалува ризикот од рак.
Овој зеленчук содржи витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б9, минерали и корисни фитохемикалии. Тоа е добар извор на влакна, протеини, фосфор, калиум и има висока содржина на витамин Ц.
Карфиолот содржи калиум, минерал кој е многу важен за развој на коските и мускулите.
Покрај тоа, постојат и изотиоцијанати во овој зеленчук што го спречуваат развојот на клетките на ракот.
Редовното консумирање на карфиол спречува оштетување на организмот поради дејството на слободните радикали, бидејќи содржи моќни антиоксиданти.
Карфиолот дејствува превентивно на појавата на кардиоваскуларни заболувања и рак.
Исто така, има многу витамин К и омега-3 масни киселини во карфиолот, со што се намалува воспалението. Редовното консумирање на овој зеленчук го намалува ризикот од артритис, дебелина, дијабетес …
Карфиолот може да го намали воспалението и да го зачува здравјето на крвните садови. Исто така, овој здрав зеленчук позитивно влијае на циркулацијата.
Оваа храна содржи глукозинолати кои ја активираат природната детоксикација на организмот. Научните истражувања покажаа дека глукозинолатите делуваат превентивно на појавата на некои видови на рак.
Во карфиолот постои и алицин кој работи позитивно врз здравјето на срцето и го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар. Покрај тоа, комбинацијата на селен и витамин Ц го зајакнува имунолошкиот систем и го одржува нивото на холестерол во крвта.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close