fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Алтернатива што може да биде ефикасно гориво

Енергетската криза покажа дека секој енергент е важен

Екстремно високите сметки за електрична енергија сериозно ги загрозија буџетите на домаќинствата, но уште повеќе работењето на компаниите, кои веќе на различни начини се мобилизираат, поединечно и коморски, за да аргументираат дека со скапите цени на струјата не можат да бидат конкурентни на пазарите и, уште повеќе, тие не можат да бидат одржливи во нивното работење. Загрозувањето на работењето на компаниите неминовно ги загрозува и вработените. Стопанскиот сектор е фундаментален дел од „сврзаните садови во економијата и општеството“ при што кризата во стопанскиот сектор неминовно би се одразил и на социјалниот сектор, здравствениот, образовниот, па и на безбедносниот… Во тој контекст, државата, надлежните, експертите, интелектуалците, вклучувајќи ги и медиумите сѐ поинтензивно го мобилизираат сиот свој мислечки, искуствен и творечки потенцијал, во насока на наоѓање предлози и решенија за амортизирање и премостување на претстојниот зимски енергетски удар, но и за обезбедување поголем степен на енергетска одржливост и независност на нашата држава.

Проектите за нови алтернативни горива не треба да се отфрлаат ад хок, туку на нив треба сериозно да се пристапува уште од самиот почеток, да се истражат и да се анализираат сите можности, за да може ефикасно да се искористат, а во скора иднина да се воспостави соодветна инфраструктура за користење на тие горива. Едно такво гориво е она добиено од индустриски остаток (т.н. РДФ). Но токму тука треба веднаш да се издвои дека треба да се направи разлика помеѓу индустрискиот РДФ и оној што потекнува од комуналниот отпад (комунален РДФ), кој во државава пред извесно време со право предизвика силна реакција. Индустрискиот РДФ е сосема различна категорија на алтернативно гориво со кое интензивно работат компании во ЕУ, токму поради различните својства од комуналниот РДФ при согорувањето. Вакво алтернативно гориво во услови на енергетска криза, поаѓајќи од анализите и практичните искуства на ЕУ-земјите во врска со овој енергент, може да биде и многу добра алтернатива за дополнување на нашиот дефицит на енергенти, за непречена работа на некои компании, топлани, како и за намалување на уделот на јагленот при производството на електрична енергија. Експертски анализи и студии постојат, а не пречи и да се направат и наши

 

Традиционалните горива – задолжителни, плус алтернативни како дополнување

Најголемиот енергетски капацитет за производство на електрична енергија во земјава e РЕК „Битола“. Истиот тој го користи јагленот како енергент, но токму затоа, во оваа ситуација на енергетска криза, која динамично се продлабочува, треба што побрзо, порешително и поефикасно надлежните да се погрижат сите три блока да бидат ставени во кондиција и да работат во полн капацитет за производство на домашна електрична енергија! Знаејќи дека резервите на јаглен во рудникот „Суводол“ привршуваат, а нема никакви назнаки за отворање нови рудници или, пак, за гасификација на овој комбинат, тогаш станува повеќе од јасно дека Македонија долгорочно мора да има точна претстава за (не)извесната енергетска иднина.

Екстремно е опасно Македонија да стане во голем дел или целосно зависна од увозна скапа струја, што на подолг рок ќе ја уништи националната економија, а со тоа и сите засегнати општествени сегменти, вклучувајќи ги и граѓаните. Затоа, првиот чекор во вистинскатa насока е најважен, а политичката одлука за максимизирање на домашното производство на струја од постојните традиционални капацитети е од стратегиско национално значење!

Во исцрпувачката потрага по енергенти, енергетичарите размислуваат за дополнување на дефицитот на домашната енергија, предлагајќи различни решенија за операционализација. Се разбира дека зелената енергија секогаш е во агендата на енергетичарите, но постојат уште многу реални опипливи идеи за алтернативни енергенти, кои ги исполнуваат критериумите и од енергетски и од еколошки аспект. Затоа проектите за нови алтернативни горива не треба да се отфрлаат ад хок, туку на нив треба сериозно да се пристапува уште од самиот почеток и тие, според соговорниците, може за исклучително кратко време да се стават „во оптек“, а потоа во скора иднина да се воспостави соодветна инфраструктура за користење на тие горива.

РДФ од индустриски остаток како енергент е сосема различна категорија од РДФ од комунален отпад

За македонската јавност повеќе или помалку е познато едно алтернативно гориво под името РДФ, произведено од т.н. комунален отпад, за кој со право се крена прав во јавноста пред извесно време дека со неговото согорување се штети на животната и работната средина и не одговара на стандардите и законските прописи што се пропишани од таа област кај нас, а кои се усогласени и со европската регулатива.
Меѓутоа, за издвојување е дека законодавството на Европската Унија предвидува користење алтернативни горива како дополнување на фосилните горива во процесот на производство на енергија (во топланите, а и во индустријата за производство на цемент). Но кои се тие алтернативни горива што во европските земји ги исполнуваат сите високи стандарди за чисти енергенти?

Имено, една друга категорија што веќе долго време се користи како енергент во земјите на ЕУ и дури и во индустриското производство е т.н. индустриски РДФ, како категорија енергенти што ги исполниле пропишаните строги критериуми и стандарди од повеќе аспекти на лабораториите во Европа, вклучувајќи ги и еколошките. За тој видРДФ, односно за негово производство, се користи комерцијален и индустриски отпад, а главните состојки се хартија, текстил, дрво… Отпадот се сортира, а одредени делови се отстрануваат со посебни технологии за сепарација.

Резултатите од повеќегодишните истражувања од страна на повеќе европски институти потврдуваат дека имплементацијата на РДФ не предизвикува оштетувања на постројките на термоцентралите, топланите на јаглен и на цементарниците, не предизвикува појава на корозија и нема штетно влијание врз животната средина доколку РДФ се користи според пропишаните количества и на прописен начин. На пример, термоцентралата РЕК „Битола“ и цементарницата „Титан Усје“ – Скопје имаат соодветна опрема што овозможува користење на индустрискиот РДФ без никакви штетни последици за здравјето на луѓето, а можат инстант, без дополнителни приспособувања да го користат ова заменско гориво.

Пред употребата на РДФ, потребно е да се изврши анализа на квалитетот на јагленот во термоцентралата, а препорачаниот удел на РДФ во просек изнесува од 30 до максимум 40 отсто. На пример, термоцентралите во Словачка или цементарниците во Хрватска користат индустриски РДФ до 40 отсто, а во Австрија користат до 90 отсто индустриски РДФ во производството на енергија во термоцентралите.

Индустрискиот РДФ не загадува, а штеди на согорување јаглен и на вложени средства за енергенти

Според соговорниците енергетичари, ова значи дека во термоцентралите во Македонија може да се користи РДФ како дополнување на јагленот при производство на електрична енергија, а истовремено ќе се намали и количеството употребен јаглен за производство на електрична енергија. Токму индустрискиот РДФ може да се користи и во топланите, а и во некои индустриски процеси.

Што се однесува до производството на струја во термоцентралите, една поедноставена калкулација покажува дека ако сега цената на јагленот на берзата изнесува 350 евра за тон, за 100.000 тони ќе бидат потребни 35 милиони евра. Но доколку со користење гориво од индустриски РДФ се супституираат од 30 до 40 отсто од количествата потребни за производство на електрична енергија, тоа би значело заштеда од околу 35 отсто. Поточно, се заштедуваат 35.000 тони јаглен, односно нешто над 12 милиони евра. Поаѓајќи од претпоставката дека за еден искористен тон индустриски РДФ се добива надомест за истиот од три, па и повеќе евра (на пример пет), па за 35.000 тони искористен РДФ ќе се заработат 175.000 евра. Кога ќе се направи сета математика, се доаѓа до заклучок дека вистинската заштеда со користењето на заменското гориво од индустриски РДФ е околу 12,5 милиони евра, што изнесува заштеда од околу 36 отсто во однос на планираниот трошок. Ова со себе повлекува и намалување на цената на електричната енергија за 36 отсто, што во овие кризни времиња е многу важен фактор.

Ова размислување е само поттик и можеби мал придонес кон иницијативата за подлабоки анализи и калкулации, кои може да бидат предмет на работа на надлежни експертски комисии, кои би донеле релевантни заклучоци и препораки до државните институции во чија надлежност се енергетското планирање и менаџирање.https://novamakedonija.com.mk/ekonomija/alternativa-shto-mozhe-da-bide-efikasno-gorivo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close