fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

14 години не се засеа шеќерна репка во Пелагонија

Славе Стефановски од пелагониското село Егри е некогашен рекордер во производство на шеќерна репка. Во добрите времиња, пред дваесетина години, произведувал сладок корен тежок дури и до пет килограми кој бил носен како реквизит на земјоделските саеми. Денес му останаа само спомените и нивите засадени со други култури, зашто шеќерна репка во Пелагонија, а и во цела држава, веќе не се сее 14 години.

Славе Стефановски од пелагониското село Егри е некогашен рекордер во производство на шеќерна репка. Во добрите времиња, пред дваесетина години, произведувал сладок корен тежок дури и до пет килограми кој бил носен како реквизит на земјоделските саеми. Денес му останаа само спомените и нивите засадени со други култури, зашто шеќерна репка во Пелагонија, а и во цела држава, веќе не се сее 14 години.

„Срамота е ова за Македонија. Една фабрика имаме и тоа не многу голема, која можеше да преработи 15.000 вагони годишно шеќер и ни пропадна. А во соседството во Србија има неколку што работат, така и во Хрватска, во Босна. Кај нас една и таа се затвори. Можеше да ги задоволи потребите за шеќер на државата“, вели Стефановски за СДК.мк.

Тој раскажува дека репката од исплатлива култура за одгледување и преработка стана непрофитабилна откако започнаа процесите за приватизација на фабриката и на крај беше продадена на бугарска компанија и по неколку години ѝ беше ставен клучот на вратата.

„Со затворањето на фабриката изгубивме многу производителите, а изгубија и други покрај нас. Имаше околу 4.000 производители во земјава, за време на кампања се ангажираа многу сезонски работници, па камиони за транспорт на репка, резанец и други отпадни материјали. Изгубија многу и сточарите од репката излегуваше сиров резанец кој беше добра и евтина храна за стоката, а имаше и добри резултати врз квалитетот на млекото. Со затворањето на фабриката пропадна дел од македонското земјоделство“, вели Стефановски.

Покрај сопствено производство на шеќерна репка и фабрика за преработка, државата стигна до ситуација со години да биде целосно зависна од увоз на шеќер за што годишно се одлеваат околу 45 милиони евра. Поранешните вработени раскажуваат дека со влезот на бугарската инвестиција, за неколку години згасна домашното производство, па се преработуваше само увезен нерафиниран шеќер од трска.

„Со фамозната приватизација почнаа проблемите, распределба на акции, здружување, па ги дававме на управување, во 2022 година ги продадовме на бугарска фирма и со тоа почна пропаѓањето на Шеќерана. Фирмата од Бугарија не сакаше да работи репка и ги условуваше земјоделците да им носат калибрирана од 500 грама до 1,2 килограми. Ја баталија репката и почнаа да носат само нерафиниран шеќер од странство и да го преработуваат“, вели Драганчо Лингуровски, поранешен вработен во Шеќерана со 27 години работен стаж.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close