fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

150 милиони евра субвенции, „зелена нафта“ и поддршка за младите фармери, најави Хоџа

Владата интервенираше и успеа да ја ублажи состојбата во лозарството и винарството кои први го почувствува ударот од КОВИД-пандемијата. Беа потпишани и 540 договори за набавка на трактори, а доделени се и првите договори за 20.000 евра неповратна поддршка за млади земјоделци до 40-годишна вредност. Условите ги исполниле 265 апликанти, а вкупната вредност на поддршката ќе биде 3,1 милион евра.

Сто и педесет милиони евра финансиска поддршка, услови за порентабилно производство, субвенции за набавка на „зелена нафта“, консолидација на површините, поттикнување на младите земјоделци со 20.000 евра неповратна помош и на  жените фармери со 6.000 евра, најави денес министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, кој се осврна на првите 100 дена од извршувањето на функциата.

„Не чека многу работа, а си поставивме и амбициозна агенда. За да ја реализираме, заедно со земјоделците ќе мора да ги следиме европските стандарди, да ги применуваме најновите научни достигнувања и технологии и да применуваме модерна механизација“, рече Хоџа.

Ќе продолжат, најави министерот, и капиталните инвестиции за питка и вода за наводнување, како и неселктивното исплаќање на субвенциите. Досега се исплатени околу 115 милиони евра од проектираните субвенции, а до крајот на годината поддршката ќе биде целосно заокружена, вклучувајќи ги и долговите по овој основ од претходната Влада.

-Во првите 100 дена од мојот мандат остварив низа билатерални средби со колеги од регионот, САД, Русија, пред се за изнаоѓање механизми за зголемување на трговијата со земјоделски производи, особено на извозот. Во овој краток период од преземањето на функцијата, реализирав и средби со лозари, сточари, оризари, тутунари, производители на јаболка, посетив многу фарми и откупни центри, рече министерот во отчетот за сработеното.

Тој потсети дека Владата интервенираше и успеа да ја ублажи состојбата во лозарството и винарството кои први го почувствува ударот од КОВИД-пандемијата. Беа потпишани и 540 договори за набавка на трактори, а доделени се и првите договори за 20.000 евра неповратна поддршка за млади земјоделци до 40-годишна вредност. Условите ги исполниле 265 апликанти, а вкупната вредност на поддршката ќе биде 3,1 милион евра. Лани поддршката изнесуваше двојно помалку, 10.000 евра.

-Едно од најголемите достигнувања во првите 100 дена е тендерската постапка за изградба на браната на Слупчанска река. Средстава во висина од 22 милиона евра се обезбедени, а проектот треба да се реализира за четири години, нагласи Хоџа.

Министерот смета дека е постигнат голем напредок во меѓународната соработка. Во овој конктекст го спомна потпишаниот Договор со Албанија за фитосанитарна контрола.

-Земјоделството е клучно и за пристаување во ЕУ. Ќе се фокусираме на намалување на руралната сиромаштија и на малите фарми кои се многу важен дел за сигурност на храната, ќе ја интезивиравме соработката со ФАО, ќе преземеме се за вработување на младите и за живот на руралното население со полесен пристап до земјиште и кредити, порача министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, објави Независен.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close