1608 земјоделци од Прилепско и Долнени пријавиле 1,5 милиони килограми вишок на тутун
Зоран Пачешкоски раководител на ПЕ на МЗШВ во Прилеп вели дека пријавувањето се врши според сите протоколи за заштита од Ковид-19
1608 земјоделци од Прилепско и Долнени пријавиле 1,5 милиони килограми вишок на тутун, потврдува за Зелена берза Зоран Пачешкоски раководител на ПЕ на МЗШВ Прилеп.
-Од петокот до денес 1608 тутунопроизводители пријавија вишок на тутун, кој до овој момент изнесува 1,5 милиони килограми тутун. Најголем дел од тутунопроизводителите се од Општина Долнени и од Прилепско. Пријавувањето се врши во одделена канцеларија во објакетот на ПЕ на МЗШВ во Прилеп според сите протоколи предвидени од здравстевните власти за заштита од Ковид-19., вели Пачешкоски за Зелена берза.
Засега во ПЕ на МЗШВ не се донесени податоци колку тутунари вишокот на тутун го пријавиле кај поверениците на откупните пунктови за што претходно апелираше и претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија Менде Стомнароски.
А.Блажевска