fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

190 тутунари не се исплатени бидејќи имаат неподмирени долгови

Бачовски вели штом се регулираат долговите субвенциите ќе бидат исплатени до последниот тутунар

За 190 тутунари е стопирана исплатата на субвенциите бидејќи имаат неподмирени долгови кон МЗШВ, одоносно за пашарина, водарина…

Штом бидат подмирени долговите сите до еден ќе бидат исплатени со субвенциите штом им следуваат, изјави за Зелена берза директорот на Платежната агнеција Никица Бачовски.

Она што е потребно тутунарите на чии сметки нема субвенции најпрво да проверат каде должат и по кој основ за изминатата година а потоа ќе бидат исплатени во целост.

Доколку некои од тутунарите ги подмириле долговите непосредно пред исплатата на субвенциите, треба да почекаат додека да се процесуираат податоците од надлежните инстутуции и не стасаат до Платежната агенција за да се изготват решенијата за исплата.

Во четвртокот на сметките на 15.753 тутунари се слеани рекордни 26 милиони евра.

 

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close