fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

23 денари треба да биде килограм пченица- смета Федерацијата на фармери

Започна жетвата на пченицата и оваа година со истите маки. Откупната цена многу ниска 18 ден по кг. Според трошоците за производство таа треба да изнесува минимум 23 ден по кг.

Започна жетватата на пченицата и оваа година со истите маки. Откупната цена многу ниска 18 ден по кг. Според трошоците за производство таа треба да изнесува минимум 23 ден по кг.
Според статистичките показатели производството на пченица опаѓа од година во година . За период од последните 19 години производството е опаднато за просечни 20%, а од најголемиот подем во 2004 година со 356.825 тони до 200.112 тони во 2019 година, разликата е 44%.
Најголема причина за ваквата ситуација е што производната цена со години се зголемува, оваа година со поскапувањета е драстично зголемена и според пресметката направена на Националната федерација на фармери во март 2022 година таа изнесуваше 20-23 мкд по хектар, но сега со поскапувањата на горивата таа е уште зголемена. Продажната цена во моментот на пазарот изнесува 18/19 мкд по кг.
Земјоделците од велешкиот, пелагонискиот и полошкиот регион велат дека таа е со солиден квалитет, но приносите се намалени.
Националната федерација на фармери преку својот потсекторски систем ги анализира состојбите со пченицата и предизвиците со кои се соочуваат полјоделците. Најголем проблем со кои се се соочувуваат полјоделците се климатските промени, односно брзите промени на температурата. На ваков начин, како што велат земјоделците, се прави стрес на пченицата и се губи во квалитет на производот, a се појавуваат и болести. Голем проблем за нив е продажната цена односно со години на назад производната цена е повисока од продажната. Она што посебно претставува проблем за полјоделците оваа година се зголемените цени за нафта, бензин и ѓубрива за прихранување. Според пресметката на НФФ производната цена за пченица оваа година во зависност од регионот изнесува од 20 – 23 мкд по .
Пченицата е единствениот производ во РС Македонија кој има стратешко значење кое е дефинирано во Законот за Земјоделство и рурален развој . Пченицата е најважната култура која има најголем удел во вкупната површина под жита од околу 63% во 2021 година. Според податоците добиени од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство просечното годишно производство на пченица во периодот 2014-2020 изнесува околу 235.000 тони што е намалување од околу 16% во однос на периодот пред 2014 година кога просечното годишно производство изнесуваше околу 281.000 тони. РС Македонија за да ги задоволи своите потреби увезува пченица. Најголемиот увоз на пченица имаме од Србија која е најголемиот регионален производител (Војводинската житница).
Националната федерација на фармери со години бара да се воведе интрвентен откуп на пченица кое согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кога продажбата е поголема од откупната цена на пченицата.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close