fbpx
ВестиТоп вести

25 милиони денари од АД ЕСМ и РЕК-Битола за еко проекти во Пелагонија

Пелагонија

 

 

Средствата од Програмата за производство на струја од фосилни горива, ги обезбедува ЕСМ и се испраќаат до Министерството за животна средина, од каде по утврдена методологија им се исплаќаат на општините кои се околу РЕК-Битола за еколошки проекти.

 

25 милиони денари издвоија оваа година АД ЕСМ и РЕК-Битола за еколошки проекти во пелагониските општини Битола, Новаци и Могила. Средствата се исплатени преку програмата за производство на струја од фосилни горива при Министерството за животна средина. Според посебната методологија за распределба на средствата 14 милиони денари добива Општина Битола, над 6,5 милиони денари Новаци и над 3 милиони денари Могила.

-Во Беранци со дел од овие средства се изработува паркот, а вакви паркови во Могила се прават и во други населени места и тие се плод на заедничка соработка. Сметаме дека ваквите паркови ќе го подобрат животот и животната средина, рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

На местото каде што се се направи парк во Беранци, претходно беше нива каде жителите ги паркирале своите превозни средства, комбајни, трактори и камиони. Но, сега средселото добива нов лик.

-Од програмата за фосилни горива при Министерството за животна средина, Општина Могила секоја година добива 3,1 милиони денари. Со нив сега гради паркови и раззеленува површини на шест локации во шест населени места. Освен во Беранци, се гради парк и во село Долно Српци, Вашарејца, Лознани, Ношпал, Могила и пешачка патека од 500 метри во Дедебалци. Наш императив и во буџетот за следната 2020 година ќе биде рамномерниот  развој и раззеленување на нови зелени површини и заштита на животната средина во сите населени места, рече градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.

Во Општина Могила до пред две години паркови и зеленило имало само во селото Могила.

-Изградивме претходно нови паркови и во Добрушево, Дедебалци, Будаково, Мусинци, ќе ни останат многу малку населени места без вакви површини. Општината веќе добива нов лик. Инвестираме и во друга форма за здрава животна средина. Од минатата година со изградбата на новото училиште во село Ношпал купивме нов котел на пелети, и во Добрушево од оваа учебна година се греат на пелети, рече Гулевска.

Со средствата од АД ЕСМ и РЕК Битола Општина Новаци реализира седум проекти во неколку населени места рече градоначалникот Љубе Кузманоски.

-За тековната 2019г Општина Новаци доделените средства ги искористи за:

Изградба на атмосферска канализација во с.Новаци и во с.Бач, изградба на водопој во с.Зовиќ, с.Рапеш и с.Маково. Санација на фонтана во с.Рибарци. Реконструкција на тротоар во с.Новаци (општинска зграда кон Рибарци), реконструкција на тротоар во с.Новаци ( МКЦ до гробишта). Партерно уредување на капалиште покрај Градешка Река, велат од Општина Новаци.

АД ЕСМ и РЕК Битола во декември ја започна акцијата за пошумување со 50 илјади багремови садници околу комбинатот РЕК-Битола. Дел од нив ќе бидат во делот на Логоварди и Агларци со што конечно по повеќе најави ќе се формира таканаречениот зелен појас околу комбинатот со цел да се заштити животната средина и да се подобрат животните услови на жителите во овие населени места.

А.Блажевска

Слични написи

Back to top button
Close