fbpx
ВестиМакедонија

Попис ќе има од 1 до 21 април, следната недела почнува првата фаза од попишувањето

Портпаролот на Владата Душко Арсовски вчера на прес-конференција порача дека на државата и е неопходен попис и секој граѓанин треба да придонесе да се спроведе оваа значајна статистичка операција

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе во месец април, порачаа од Владата, најавувајќи дека за помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април годинава, а критичниот момент за оваа статистичка операција ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски вчера на прес-конференција порача дека на државата и е неопходен попис и секој граѓанин треба да придонесе да се спроведе оваа значајна статистичка операција која ќе даде податоци важни за проектирање стратешки планови за натамошен развој на државата.

– Методологијата е дефинирана, сите подготовки се во тек. Од 1 април почнува попишувањето на нерезидентното население, така што она што е извесно е дека оваа статистичка операција ќе се спроведе, изјави Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close