fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Кој е министерот од Владата на ВМРО-ДПМНЕ поради кој ОЛАФ ги чешла европските пари за земјава?

Во тој период министер во ресорното министерство е Михаил Цветков

Иако опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ минатата недела вината сакаше да ја префрли на сегашните политичари, токму проект од 2015 година, вреден 660.000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите.

Во тој период министер во ресорното министерство е Михаил Цветков, а премиер на таа Влада преводена од ДПМНЕ е Никола Груевски. Во меѓувреме во 2019 година Цветков беше и осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот. Во моментот единствените вести кои излегуваат од пребарувањето се поврзани со одреден 30 дневен притвор за Цветков, но нема информации за тоа што се случило со судскиот процес и дали имало пресуди.

-Ја видов статистиката дека половина од случаите на надлежната европска агенција која истражува корупција, ОЛАФ се однесуваат за Македонија. Ние за тоа зборуваме шест години, дека оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ силно е вплеткана во криминал и корупција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неодамна за време на посетата на општина Петровец.

„Добро е што на нашите партнери од Европа им станува се појасно и добро е и тие што ќе се занимаат со оваа истрага, а идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и органите кои таа влада ќе ги има под свое управување сакаат заедно со оваа агенција да истражуваат“, рече Мицкоски.

Николовски потврди дека случајот е во Обвинителството

Информацијата за злоупотреба на европски парија,  ја потврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, не се работи за никаков договор или предмет поврзан со ИПАРД, туку за проектот што се реализирал преку ИПА поддршката за МЗШВ.

Истрагата е веќе завршена и за случајот има конкретен предмет со конкретни правни дејства. Предметот е доставен до ОЈО за организиран криминал, а МЗШВ апелира случајот да биде комплетно расчистен.

-Да бидеме јасни, прецизни и транспарентни. Не сакам да се наруши успешната ИПАРД приказна. Ние треба да градиме доверба со луѓето, имаме 120 милиони евра на располагање и сакаме максимално да ги искористиме, подвлече Николовски.

Тој го покажа и документот според кој, „ОЛАФ има заврешно истрага за злоупотреба на ИПА средства преку проект реализиран во 2015 година, а се однесува на Договор потпишан на 20 ноември 2015 година по тендерска постапка „Надградба на информациски систем за земјоделство и воспоставување системи за размена на податоци меѓу МЗШВ и другите релевантни институции кој е спроведен децентрализирано, во рамки на Програмата за помош при транзиција и институционална надградба“

Вицепремиерот за европски прашања пак Бојан Маричиќ, во врска со истрагата на Европската служба против измами (ОЛАФ) за злоупотреби на пари од европските фондови во земјава против 17 субјекти во државава, вели дека е важно да се види за какви субјекти се работи и повика тоа да се расчисти докрај.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) за Градска.мк одлучува кои проекти ќе се финансираат, но контролата на европските пари е во рацете на Министерството за финансии (МФ).

Од министерството пак, за Градска.мк велат  дека Одделението за координација на борба против измама на ЕУ парите (АФКОС) не располага со податоци кои произлегуваат од Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) од причина што согласно Рамковната спогодба за ИПА на земјава и регулативата на ОЛАФ, Европската канцеларија нема обврска да го информира АФКОС во врска со тековни или завршени истраги или со исходи од нив. Од МФ велат дека во случај на сомнеж, министерството за финансии прави првична анализа на случајот и понатаму тој се проследува до надлежните институции за преземање на понатамошни дејствија.https://civilmedia.mk/

„Впрочем, во нашиот систем тоа е посебно кривично дело – малверзации или злоупотреба на европските пари и имало многу држави во регионов коишто имаат и повеќе случаи – Романија, Бугарија, Хрватска имале проблеми во одредени фази, но ги надминале и ги искористиле средствата и со ИПА, а и со структурните фондови бидејќи со нив, знаете веќе ја објавија и таа анализа, кај 11 поголеми се структурните фондови“, рече вчера Маричиќ на брифингот со новинарите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close