fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

29-годишна жена од село Острец е тешко повредена откако паднала од трактор во битолско

29-годишна жена е тешко повредена откако паднала од трактор во битолско.

– На 10.08.2025 во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од с.Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, информираа од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close