fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

30 милиони евра влегоа во струмичкиот регион од извозот на пролетната зелка

Цената на пролетната зелка не падна под 35 денари. Целиот откуп заврши во просек од 43 денари за килограм што претставува фантастична цена.

„Денеска сум на работна посета во струмичкиот регион со цел да направиме увид на откупот на пролетната зелка“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Моноспитово, општина Босилово.

„Изминатиов период одржавме безброј состаноци со земјоделците и со откупувачите, за да денеска имаме насмеани лица на земјоделците. Имаме одлична цена во делот на пласманот на пролетната зелка што одамна се нема случено ваков девизен прилив во струмичкиот регион“, појасни министерот.

Тој посочи дека цената на пролетната зелка не падна под 35 денари. Целиот откуп заврши во просек од 43 денари за килограм што претставува фантастична цена.

„Оваа реколта ќе заврши со некаде околу 40.000 тони очекуван род. Пресметано во средства значи дека во струмичкиот регион ќе влезат околу 30 милиони евра од извозот на пролетната зелка“, нагласи Трипуновски.

Тој посочи дека договорот помеѓу откупувачите и земјоделците вроди со успешни резултати.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close