fbpx
ВестиТоп вести

32.852 денари чинела минималната потрошувачка кошница за март

32.852 денари му биле потребни на четиричлено семејство во Северна Македонија во март за покривање на основните месечни потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Во споредба со јануари оваа година, (во февруари Сојузот на синдикати не објавил информации) вредноста на кошницата е зголемена за 91 денар, додека споредено со потрошувачката кошница од март 2018 година, таа за 12 месеци поскапела за 434 денари.

Минатиов месец најмногу пари биле потребни за храна и пијалоци – 13.799 денари, а 10.414 денари биле потребни за домување. За хигиена се одвојувале 2.325 денари, додека за превоз 2.387 денари.

Едно четворочлено семејство претходниов месец трошело просечно по 2.154 денари за облека и обувки, а 1.070 денари за култура. Најмалку пари од граѓаните издвојуваат за одржување на здравје – 703 денари.


 

radiomof

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close