fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Каде е најскапа, а каде најевтина живеачката во Европа?

Најниско ниво на цени е забележано во Романија

Цените на потрошувачките добра и услуги во земјите-членки на Европската унија во 2020 година, според Евростат, значително се разликуваат.

Најскапа е живеачката во Швајцарија, а од земјите на Европската унија, во Данска, која имаше највисоко ниво на цени, дури 141 проценти над просекот на ЕУ. Следат Ирска и Луксембург со 136 проценти, и Финска со 126 проценти.

Најниско ниво на цени е забележано во Романија – 55 проценти од просекот на ЕУ, во Бугарија 56 проценти и во Полска 58 проценти. Според цените на стоките за широка потрошувачка и услугите, Босна и Херцеговина е на ниво на земјите од Југоисточна Европа, пренесува босанско-херцеговинскиот портал Кликс.

Резултатите се базираат на истражувања на цени кои опфаќаат повеќе од 2.000 различни производи за широка потрошувачка и услуги, спроведени во 37 европски земји кои учествуваат во програмата Евростат – Паритетите на куповната моќ на ОЕЦД (ЈПП). Групата земји-учеснички вклучува 27 земји-членки на ЕУ, три земји на ЕФТА (Исланд, Норвешка и Швајцарија), Велика Британија, пет земји-кандидати (Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција) и Босна и Херцеговина како земја потенцијален кандидат.

Нивото на цените во рестораните и хотелите во 2020 година беше трипати повисоко во најскапата земја отколку во најевтините. Цените се движеа од 46 проценти од просекот на ЕУ во Бугарија, 53 проценти во Романија и 56 проценти во Унгарија, до 154 проценти од просекот во Данска, проследено со Шведска 138 проценти и Финска 131 процент.

Алкохолот и тутунот се рангирани на второто место според разликите во цените, со најниски нивоа на цени во Бугарија со 61 процент, Унгарија со 69 проценти и Полска со 70 проценти и највисоко во Ирска со 187 проценти од просекот во ЕУ. Следува Финска со 158 проценти, Шведска 136 и Франција 133 проценти. Толку голема разлика во цените главно се должи на разликите во оданочувањето на овие производи меѓу земјите-членки.

Храната и безалкохолните пијалоци беа најевтини во Романија, 66 проценти од просекот на ЕУ и во Полска со 68 проценти од просекот на ЕУ, додека најскапи беа во Данска – 129 проценти од просекот, Луксембург 126 и Австрија 125 проценти .

Облеката спаѓа во групата производи каде цените се разликуваат помалку меѓу земјите-членки, се движат од 73 проценти од просекот во Унгарија до 130 проценти во Данска. Личната опрема за транспорт исто така забележа помала неусогласеност на цените меѓу земјите-членки, при што Полска (80 проценти од просекот на ЕУ) е најевтина, а Данска (137 проценти) е најскапа. Разликите во цените беа ограничени и за електрониката за широка потрошувачка, со 87 проценти од просекот во Полска, и 112 проценти во Холандија и Малта.https://nezavisen.mk/kade-e-najskapa-a-kade-najevtina-zhiveachkata-vo-evropa/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close