fbpx
ВестиТоп вести

4 начини како ќе го зголемите профитот преку донирање на храна

 

Последните студии укажуваат на тоа дека новите генерации одлучуваат да трошат на компании кои практикуваат општествена одговорност. Дури 70 отсто од нив веруваат дека доколку Вашата компанија дава назад кон општеството, таа е вредна да биде земена во предвид од нивна страна при купувањето.

Голем број на компании смислуваат прилично креативни начини на „правење добро“, но, не ви треба огромен буџет или голем маркетинг тим за да извршите силна кампања за „правење добро“. Донациите во храна се одличен начин великодушно да им помогнете на граѓанските организации кои се важни за вас, за вашите вработени и вашиот град.

Регистрирајте се’ на „Донаторската конференција на 50-те најголеми компании за храна“ и дознајте како може да го зголемите профитот на Вашата компанија.

Постојат бројни придобивки од донациите, но тука се четирите што можеби ќе сакате да ги разгледате:

  1. Зголемете ја продажбата

Општествено одговорните бизниси се некои од најголемите во светот. На пример, „Скопје Мериот Хотел“ бесплатно го обезбедува одржувањето на „Донаторската конференција на 50-те најголеми компании за храна“. Добротворното спонзорство е одличен начин да се направи добро во вашата заедница, а исто така да се здобиете со позитивно маркетинг искуство. Донациите го наведуваат името на вашата компанија, особено ако спонзорирате некој вид настан или кауза. Само осигурајте се дека настанот или добротворството ги одразува целите на вашата компанија. На пример, ако вашата компанија произведува храна, размислете за спонзорирање на локалните народни кујни. Тоа ќе им покаже на вашите сегашни и идни клиенти дека навистина се грижите за Вашиот бизнис и нашетоопштество.

  1. Даночни ослободувања

Ова е една од најнепосредните придобивки од донациите. Вие не може веднаш да видите како вашиот придонес има корист на вашата заедница, но брзо ќе забележите заштеди на данок. Се разбира, бизнисите не треба да донираат со единствено очекување за финансиска добивка, но има фискални награди за помагање на добротворната организација што има потреби. Во Македонија има ослободувања кај данокот на добивка и данокот на додадена вредност.

  1. Добро е за нашата земја

Донирањето на храна има бројни придобивки, но најважниот е очигледен: треба да и’ вратите на вашата заедница. Добротворните донации помагаат за развој на вашата заедница, а јавноста ќе забележи дали компанијата прави вистински напори за подобрување на нашата околина. Донациите во храна на вашата компанија би можеле да им помогнат на хуманитарните организации како „Сите сити“.

 

  1. Го зголемува моралот на вработените

 

Донациите во храна им овозможуваат на компаниите да земаат активна улога во нашето општество и исто така можат да доведат до огромен поттик на моралот на вработените. Ако една компанија одлучи да направи донација, културата на работното место може да се подобри со зголемено вклучување на вработените и позитивен општ став. Според „Студијата за волонтерство од 2016 година“, новите генерации на вработени двојно повеќе ја оценуваат нивната корпоративна култура како „многу позитивна“, ако нивната компанија учествувала во волонтерски активности. Вработените ги почитуваат компаниите кои се грижат за нивната заедница- тоа едноставно ја зголемува емоционалната приврзаност кон вас како работодавач.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close