fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

7.000 евра казна за седум големи маркети во Скопје – лебот, брашното и зејтинот не го продавале по набавна цена

16 маркети добија казни затоа што не го продавале белиот леб, зејтинот и брашното тип 400 по набавна цена. 7 од нив се големи маркети во Скопје, за кои казната е 7 илјади евра за правното лице, а 350 евра за одговорното лице. Останатите казнети се помали трговци.

16 маркети добија казни затоа што не го продавале белиот леб, зејтинот и брашното тип 400 по набавна цена. 7 од нив се големи маркети во Скопје, за кои казната е 7 илјади евра за правното лице, а 350 евра за одговорното лице. Останатите казнети се помали трговци.  Кај 17 маркети воопшто не можело да се провери дали ја почитуваат владината одлука, затоа што не ја чувале евиденцијата за набавките во објектот. Но, и тоа е казниво дело, па тие се казнети со по 60 до 800 евра, зависно од објект, а инспекцијата таму ќе продолжи.

Инспекции ќе следат и кај производителите, затоа што за нив нема ограничување на цените и токму на тоа се должи поскапувањето на одредени артикли деновиве. Инспекторите ќе утврдуваат дали тоа поскапување има реална основа, кога е извршена набавката на суровините и дали се зголемени производствените трошоци.

Кај трговците со нафта и нафтени деривати не е утврдено нечесно пазарно однесување, односно, немало случај да не се продава гориво, а да го има на залиха на самата бензинска пумпа.  По пријавите дека на дел од  пумпите не се продава дизел, инспекторите утврдиле дека нмавистина го нема на залиха во тие објекти.

Министерот за економија бара од инспекторите и уште поголеми казни за нечесно пазарно однесување во услови на криза.

Бектеши апелира до граѓаните да не прават непотребни залихи од брашно и други производи, затоа што државата има доволни количини. Најави дека е можно наскоро да биде повлечена одлуката за забранет извоз на брашно и некои други земјоделски производи.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close