fbpx
ВестиТоп вести

Колку поголемо стадо имаат, толку поголеми загуби трпат одгледувачите на овци

 

Намалувањето на грлата овци во Македонија е резултат на загубите кои секој сточар ги трпи, констатираа од Сојузот на одгледувачи на овци кои одржаа средба во Тетово, каде разговараа за проблемите со кои се соочуваат и начините на нивно надминување.

Голем број здруженија кои се дел од сојузот, велат дека од едно продадено јагне губат од 15 до 20 евра. Затоа и се одлучуваат да ги продаваат овците. Загубите велат се резултат на лошите политики на сите досегашни владеачки структури во земјава.

-Се случува уште да немаме земено субвенции за 2018 година, до 30 јуни завршува крајниот рок за земање субвенции. И онака тонеме затоа што беше ниска цената на јагнешкото. Министерот даде ветување дека нема да дозволи да  се прават загуби. И сега бараме тоа да се исполни, дека ние сточарите сме во загуба а бараме барем да бидеме на нула. Еве јас на пример со 350 овци  оваа година сум во загуба до 360 000 денари. Може овој проблем да се ублажи, не само со навремено исплаќање на субвенции,еве има некои мерки што ги видовме во соседни земји . На пример има мерка на предадено јагне во кланичен систем тоа е некаде до 1000 денари субвенција за едно јагне. Ние ако ја добиеме таа мерка ќе бидеме задоволни, односно ќе ги покриеме загубите, рече  Митко Јанков – претседател на здружение Агроцентар Велес.

Сточарите се согласија дека проблемот со уназадување на сточарската дејност започнал по распадот на поранешна Југославија, кога имало 2 милиони овци во Македонија, а сега има околу 500 000

-Значи по тутунот и виното трета гранка кој носи прилив е сточарството. Затоа треба да се зема мерка да не се намали и оваа бројка која ја имаме со овците. Ние имаме проблем со продавање на јагнешкото месо. За време на поранешна Југославија се продаваше до милион јагниња, а сега и ден денеска е прочуено дека Македонското јагне е најдобро јагне и најбарано јагне а продаваме 100 000 грла. Значи ние немаме некоја тешка индустрија или напредна технологија затоа треба да се инвестира и да се напредува оваа гранка, изјави Скендер Аме од Здружението на одгледувачи на овци од Дебар.

Од Сојузот на одгледувачи на овци, велат дека постојат законски можности да се покријат загубите. Такви чекори не се преземени досега. Ако сакаме да ја вратиме оваа гранка во живот треба надлежното министерство да размисли оваа законска можност да ја преточи во пракса

– Загубата веќе ние ја пресметуваме, имаме првични податоци таа во секој регион е различна и треба да се покрие на било  каков начин дали со доплата на предадено јагне по килограм, или пак доплата по глава на јагне. Имаме закон каде министерот има право со мерка да излезе кога производната цена не соодејствува со продажната, да се дополни таа разлика преку една од нашите предлог мерки. Досега не се исплаќала таа загуба но и ситуацијата е таква каква што е. Еве на пример во битолскиот регион загубата е на пример 40 денари по килограм или по глава овца околу 800 денари – изјави  Никола Георгиев, претседател на Сојузот на одгледувачи на овци на РСМ.

За годинешните велигденски празници, цената на јагнешкото го допре  дното кое се продаваше по 120 денари од килограм.

Зоран Димовски

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close