
Агро бизнисВестиТоп вести
73-годишник од тетовско кој директорувал 21 година со земјоделска задруга ќе одговара кривично за злоупотреби
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(73) од село Камењане, општина Боговиње
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(73) од село Камењане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во периодот од 2000 до 02.01.2021, додека бил директор на земјоделска задруга во село Камењане, без законска основа и одллука од членовите било извршено незаконско бришење на основачи – акционери, при што бројот на членовите од 38 бил незаконски намален на пет лица со уништување и прикривање на документи, спротивно на тоа што стоело во тековната состојба од Централен регистар.




