fbpx
ВестиСовети

ТЕХНОЛОГИЈА , САДЕЊЕ, ОДГЛЕДУВАЊЕ И БЕРБА НА АРОНИЈА

аронија

Аронијата е овошје со бобичаста форма кое најмногу наликува на плод од боровница. Ја нарекуваат сибирска боровница. Таа е растение кое расте во облик на грмушка. Нејзиниот плод се јаде, има многу лековито дејство и може да се бере и после два месеци откако ќе созрее. За аронијата не е потребно прскање бидејќи не може да заболи од болести или вошки. Аронијата е култура која што не е многу пребирлива на климатските и почвените услови. Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35°C. Во наши услови ретко кога се случуваат вакви температурни екцесии па поради тоа од овој аспект гледано оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата. За оптимален развој на џбунчињата во текот на вегетацијата потребно е температурна сума над 10°C и од 120 до 150 дена период без појава на мразеви. За успешно одгледување на оваа култура и постигање на оптимални и квалитетни приноси, количество на врнежи во текот на топлиот период од годината (во наши услови јуни-септември) треба да изнесува над 200 до 300 мм, во спротивно потребно е да се обезбедат услови за наводнување. Во однос на почвата не е голем пребирач, успева на песокливи, но и на глинести почви. Не се погодни забарени почви и мочуришта. Подпочвени води треба да не бидат поплитки од 1.5 до 2 м.

Одгледување – Да се олесни одгледувањето, овозможува меѓуредовата обработка, резидбата и бербата. Подлогата за калемење треба да биди стара најмалку три години, бидејќи се калеми на висини од околу 100 до 120 см. Поради спориот раст на калемите, кој се доста скапи, најчесто се одгледува на својот корен, како џбун. И овај џбун може да се обликува со резидба, да не се дозволи голем раст на стеблата, како би се осигурало нормална фотосинтеза на систе листови и да се осигура добар принос. Стеблата стари 5-7 години се одсекуваат, некои на висина од 50 до 70 см, други блиску до земјата, како би се предизвикал нов раст на стеблата, млади изданоци кои имаат повисока родност. Засадите стари преку 25 години можат да се покосат блиску до површината и на тој начин да се изврши подмладување на насадот. Поединечниот џбун за околу десет години раст може да развие и преку 30 изданоци кои сите ќе бидат во род. На овај начин аронијата обезбедува неверојатно јак коренов систем, бидејќи билката ги добива водата и храната само преку танките жили, додека дебелите жили служат за прицврстување и транспорт на хранливите материи. Аронијата е добра билка за раззеленување на песокливи почви, пепелници, санирани депонии, а успева и на земјишта на кои растат врби, трска. Во тој случај имаме перманентно наводнување.

Производство на садници – Аронијата може да се размножува на три начини: Првиот начин е генеративен, од семето. Вториот начин на размножување е делење на изданоци од матичното стебло во претворање на садници. Третиот начин на размножување е вегетативно, од меристемот, ин витро, од ткивото.

Садење – Се сади во есен, преку зимата и рано на пролет, со услов земјата да не е замрзната и вегетацијата да не е започната. Најчесто се садат едногодишни и двогодишни билки. Најдобра густина на садење е 3 х 1,5 м, каде што ќе се посадат 2 222 билки по хектар. Секоја билка вака добива 4,5 м2 вегетациски простор. Се сади на длабочина на која садницата била во расадникот (длабочина 20, пречник 30 см). Садницата внимателно се нагрлува со ситна и влажна земја и се нагазува околу неа за да се добие добар контакт на коренот и земјата, а да се истисне воздухот. Доколку земјата при садење е сува, треба да се наводни за да се спречи процесот на дехидрација, бидејќи сувата земја ќе ја извлечи водата од коренот и ќе се исуши растението пред да започне да расти.

Ѓубрење – Припремата на парцелата се состои од основна обработка, орање на длабочина од 30 см и тањирање. При садење на парцелите треба да се изврши изѓубрување со НПК 15:15:15 минерални ѓубрива, 500-600 кг/ха, ѓубривото се меша со земјата да не дојде до директен контакт со жилите на кореновиот систем. На ваков начин се спречува евентуалното токсично дејство од јаката концентрација на минералните соли и сушењето на билките во стартот. Во текот на вегетацијата треба да се ѓубри со НПК 8:16:24 или со слични ѓубрива околу 500 кг/ха годишно. Приносот и квалитетот на плодовите најмногу зависи од ѓубрење и наводнување, со редовно уништување на коровите. Околу билките треба да се растури слој на слама, минимум пола метар во пречник, како би се спречила појава на корови околу самите билки и тоа секоја пролет. При тоа старата постилка се распаѓа и постанува органско ѓубриво чии што состојки водата ги внесува во кореновиот систем

Берба – Првата берба е во третата година од животот, доколку се користат садници стари една година. Добро развиените билки даваат род и во втората година. Тогаш се формира просечно по два грозда на билка, со околу 35-40 плодови, или околу 50-100 грама принос. Во првата година по садењето на двогодишните садници, може да се добијат од 100-200 кг плод од ха. Во следната сезона, џбунот дава по 7-8 гроздови, 200-300 грама по билка или 440-660 кг по ха. Поединечните плодови имаат маса од 0,6-1,1 грам, така да во 1 кг има од 1 000-1600 плодови. Во десеттата година приносот од аронијата е околу 5-10 кг по џбун, или 11-22 т/ха. Дрвото достигнува висина од 1,5-2,5 м, што е лесно за собирање на плодовите. Зреењето настапува крајот на јули, а бербата е следниот месец и пол, до крајот на септември. Околу 30% плод може да остане до пролет на билката. Како суви се добри за чај, компот. Се користи за производство на сок, џем, мармелад. Во април кога ќе се појават цветовите, аронијата е добра пчелна паша.

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close