Сточарите кои го предале млекото од мај до септември годинава најдоцна до 5-ти ноември треба да ги достават барањата субвенциите. Финансиската поддршка изнесува 3,5 денари за литар кравјо,овчо и козјо млеко.
На млекопроизводителите им остануваат уште неколку дена за да можат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2017-та година.
Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар. Барањата се поднесуваат по електронски пат до 5-ти ноември во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.
Во овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка во живинарството за несилки набавени исто така од мај до септември годинава.
За секоја купена несилка за производство на јајца ќе се добиваат по 100 денари.