
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Серафомовски – 103,2 милиони евра за „Злетовица“ – вода за земјоделците и нова сила за регионот
Со грантот од 2 милиони американски долари, обезбеден од Светската банка, започнува подготовката на фазата за наводнување и фазата за производство на електрична енергија. Државата ќе учествува со околу 27 милиони евра за експропријација, ДДВ и други релевантни јавни давачки, создавајќи ги условите проектот да премине во реализација.
Министерот за земјоделие Борче Серафимовски објави – 103,2 милиони евра за „Злетовица“ – вода за земјоделците и нова сила за регионот
Го отвораме патот кон инвестиција проценета на околу 103,2 милиони евра, која на земјоделците од Пробиштипско и Кратовско ќе им овозможи наводнување на околу 4.500 хектари. Тоа значи производство што ќе се планира според потенцијалот на земјиштето и потребите на пазарот, наместо да зависи од врнежите.
Со грантот од 2 милиони американски долари, обезбеден од Светската банка, започнува подготовката на фазата за наводнување и фазата за производство на електрична енергија. Државата ќе учествува со околу 27 милиони евра за експропријација, ДДВ и други релевантни јавни давачки, создавајќи ги условите проектот да премине во реализација.
„Злетовица“ ќе отвори можности за нови култури, поефикасно користење на земјоделските површини и развој на локални капацитети за откуп и преработка. Истовремено, со очекувано производство од приближно 48 милиони киловат-часови чиста домашна електрична енергија годишно, водниот потенцијал на регионот ќе создава додадена вредност и за енергетиката.




