fbpx
ВестиСовети

ПЕГАВОСТ НА ПЛОДОВИТЕ НА ДОМАТИТЕ И ПИПЕРКИТЕ – ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВА И КАКО ТРЕБА ДА СЕ ТРЕТИРА?

Со доаѓањето на топлите денови се почести се ситуациите на терен, каде што забележлива е појава на црно – смеѓи пеги на плодовите на доматите и пиперките. Пегите на плодовите од овие култури, настануваат од повеќе причини и претставуваат голем проблем за сопственикот, поради што и соодветно треба да се третираат. Ваквите плодови немаат пазарна вредност и истите треба да се отстрануваат, поради што се намалува приносот.

За да се реши овој проблем, прво треба да се утврди која е причината за настанувањето на пегите.

Еден од проблемите може да биде болест, како на доматите, така и на пиперките. Постојат повеќе различни габи кои можат да предизвикаат симптоми на различни облици и бои на пегасто оштетување на плодовите. Некои од нив се: концентрична пегавост на доматите и пиперките која е предизвикана од паразити од родот Alternaria, потоа пламеницата на доматот, која ја предизвикува паразитот од родот Phytophtora и други. Пегите можат да бидат и последица на напад на различни вируси и бактерии. Карактеристично за нив, е тоа што може да се појават на било кој дел од плодот, често на самиот врв и имаат смеѓа, до црна боја. Освен на плодот, се појавуваат и на останатите делови од растението (стеблото и листовите). Кај концентричната пегавост, на плодовите, во внатрешноста на пегите, се забележуваат и концентрични кругови, карактеристични за оваа болест. За да спречиме, каква била болест на пиперките и доматите, задолжителни се превентивни третирања. Кога веќе ќе се појави проблемот, понекогаш можно е да се спречи ширењето, но нападнатите плодови со вакви пеги, остануваат неповратно оштетени и како такви се неупотребливи.

Втор проблем поради кој можат да се појават пегите на плодовите е сончевата светлина. Таквите пеги се малку посветли и можат да се појават на било кој дел на плодот кој не е покриен со лисја, туку се наоѓа изложен на директна сончева светлина. За да се избегне ваков проблем, потребно е на растенијата да им се обезбеди сенка и во летните месеци да се остават, заштитени со лисја, што е можно повеќе (се формираат заштитни простори).

Третиот проблем, претставува, гниење на врвот на плодот, што не е предизвикано од патогени влијанија или пак од сончева светлина, туку претставува физиолошко пореметување. До овој проблем може да дојде од повеќе причини:

Недоволна количина на калциум во земјиштето

За раст и развој, пиперките и доматите имаат потреба од доволно достапен калциум во зоната на коренот. За да знаеме колку калциум потребно е да додадеме во земјиштето, за време на подготовките за одгледување, потребно е да спроведеме хемиска анализа, а дополнителното ѓубрење да се спроведи во соодветни делови (оброци).

Стрес после нагла промена на влажноста на земјиштето

Во услови на прекумерна влажност, но и во услови на намалена влажност во земјиштето, може да дојде до распаѓање на врвот на плодовите, иако може да има доволна количина на калциум во земјиштето. Една од најтешките задачи на земјоделецот е при одгледувањето да обезбеди оптимална влажност на земјиштето. Доколку, земјоделецот одржува оптимална влажност, многу од проблемите ќе бидат избегнати, а споменатиот проблем е само еден од нив. За успешно следење на влагата во почвата може да се користат тензиометри.

Ниска pH вредност

Ова е уште една причина поради која е многу важно да се напрви анализа на почвата пред подигнувње на насадите. Доколку земјиштето е кисело, неопходна е калцификација. Во почвите со намлена pH вредност, калциумот не е достапен. Доколку pH е неутрален или зголемен, а во земјиштето има доволно калциум, нема да дојди до појава на овој проблем. Во ваквиот случај, ќе имаме проблем со примањето на железото и манганот.

Презаситеност на почва

Голем број земјоделци за наводнување на своите насади користат вода од бушотини. Пред користењето на ваквите води, неопходно е да се направи анализа. Всушност, чест случај е ваквите води да имаат висок ЕС. Кога во таквата вода ќе се додаде ѓубриво растворливо во вода, водениот раствор станува презаситен. Наводнувањето со ваков воден раствор, предизвикува презаситеност на почвата и доаѓа до појава на распаѓање на плодовите. Честопати, земјоделците прават една голема грешка. Кога ќе забележат распаѓање на врвот од плодот, додаваат калциум во почвата, независно дали тоа е потребно или не. На тој начин, непотребно трошат пари на ѓубриво, земјиштето станува презаситено и добиваат дополнителен проблем.

Недоволно развиен или оштетен корен

При садењето на младите растенија, земјоделците често прекумерно наводнуваат што е голема грешка. Неретко се случува растението да се загуши во големата количина на вода која ја добива. Доколку преживее, коренот останува слабо развиен, затоа што неможел да се развие во прекумерно влажната почва. Со растењето на растението, потребите се се поголеми, а слабо развиениот корен не е во можност да го снабди растението со сите потребни елементи од почвата. Исто така, може да се случи при обработката на почвата да се оштети коренот, со што доаѓа до истите споменати проблеми.

Наводнување со премногу студена вода

Како што споменавме, земјоделците најчесто за наводнување користат вода од бушотини. Колку што е подлабоко во земјата, водата толку е поладна. Овој проблем неможеме да го решиме, но можеме да го намалиме, ако залеваме наутро кога земјата е ладна со што е помал и шокот за растението при наводнувањето.

Неизбалансирана исхрана

Голем предизвик за земјоделците претставува способноста да се избалансира исхраната на растенијата. Додавањето на ѓубриво, најдобро е да се спроведува според направената анализа на почвата, кога целно се додава она што недостасува за растенијата во почвата. Тогаш, воопшто не е проблем да се изберат потребните видови и количини на ѓубриво за дополнителна исхрана, според фазите на развој.

Подолг период на екстремно високи температури

Доколку ги анализираме просечните ноќни и дневни температури, секоја година е различна. Сеуште за нас се свежи сликите од летото 2017 година, кога од долготрајните високи температури, настрадаа бројни насади на пиперки и домати. Тоа лето беше означено и како екстремно жешко. Во такви услови, речиси е невозможно да се избориме со гореспоменатите проблеми (посебно со распаѓањето на врвот на плодовите и сончевите изгореници). Ова пред се, се однесува на надворешното производство, додека кај производството во заштитени простори, постојат неколку начини, како да се намалат температурите. На прво место, тоа се прави со обезбедување покривна сенка, попрскување на растенијата, како и со обезбедување на дополнителна сенка со различни мрежи. Важно е да се планира однапред, како и да не се отстрануваат сите заштити, односно да се остави повеќе лисна маса, како би се овозможила заштита на плодовите.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close