fbpx
ВестиТоп вести

Земјоделците велат дека се приморани да го намалуваат сопственото производство

 

Во период кога земјоделците  треба да ги сумираат резултатите од овогодишната  реколта,  ретко кој од нив сака да говори. Загрижени се. Сезоната беше со многу врнежи, невообичаени за периодот , што директно се одрази врз приносите. Посебно загрижени се производителите на жито. Секоја чест на исклучоците, но не можеа да се пофалат со којзнае какви приноси. Цената по која се откупува пченицата пак им е дополнителен проблем.

Сафет Махмутовиќ од с. Десово  прилепско е земјоделец кој цел живот се занимава со земјоделско производство. Се занимава  со житарици, тутун и стока. Разочарано раскажува за Зелена берза за овогодишните  постигнати резултати.

„Оваа година потфрливме со се’. Житариците ми се застапени на 150 да од кои 100 да ги имам земено на концесија од државата. Дојде време врнежливо  и родот попадна, а и се појави болест. Цената е катастрофална. Директно сум во минус, а спрема државата треба да платам кирија  и  други давачки, никој не те прашува дали имаш, мора да платиш. Приносите од житото се многу слаби од 1,5 – 2 т  од хектар, а квалитетот не е најдобар. Откупувачите не уценуваат и велат дека не земаат ништо што е под 72 хектолитри. Морав да барам чаре, и до сега имам нешто дадено на приватни лица за храна  стока по цена од 8 ден/кг, за да дојдам до некој денар“, изјави за Зелена берза  Сафет Махмутовиќ. Ја спомена и зелената нафта на која многу се надевал и за која вели дека би му била добредојдена на секој земјоделец но за време на сезоната. Вели дека голема сума од трошоците потрошил  за нафта што само му ги зголемила маките . Парите наместо да одат за други потреби ги потрошил на нафта.

Махмутовиќ раскажува дека сите членови од семејството  се вклучени во изведбените работи и дека освен од земјоделството немаат никакви други приходи, ниту плата ниту пензија. Живеат од оние пари што ќе им останат откако ќе ги плати сите давачки. Се плаши дека нема многу да остане и од тутунот. Го има засадено на 50 да површина.

 

„Нема да се наберат оние количини на кои се надевав. Врнежливото време направи нагло да порасне тутунот, а од топлината пак полегна и фати пепелница. Овој тутун што сега се бери е со нешто подобар квалитет, но не е онака како што се надевав“, вели Сафет.

 

Не му оди најдобро и со стоката. Стадото му брои 15 грла, а млекото  го откупува млекара Маврово по цена од 16 ден/л. И од оваа цена не е задоволен. Вели дека со вакви цени не може ништо да постигне и дека сакал или н, ќе мора да го намалува производството.

„Нема иднина, во оваа ситуација  во овој момент нема иднина, се се обидувам но едвај крај со крај сврзувам“, додава Сафет. За некоја поголема инвестиција не може да размислува. „Со вакви цени не можам да размислувам за тоа, ќе треба да му оставам борчови не само на внук ми туку и правнуците“,вели тој.

Приморан е да гонамалува производството, вели дека ќе реагира онака како што  му овозможуваат условите .

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close