fbpx
ВестиТоп вести

Овчарството во Македонија го допре дното

Цената на јагнешкото месо за јануарските празници го допре дното. Како никогаш досега, килограм јагнешко како што ни изјавија од Сојузот на земјоделци се продавало по 140 денари за килограм, за разлика од лани на пример кога цената достигнуваше и до 250 денари. Од Сојузот, велат дека ниската цена е резултат на тешкотиите со кои се соочува овчарската гранка во Македонија. А како најголем удар според нив, е незаинтересираноста на државата за овој сектор.

-Имаше неодамна програма за доделување на субвенции. Кај сите сектори, земјоделски и сточарски има напредок односно зголемување на субвенции, а кај овчарството нема ништо, а знаеме дека оваа гранка е најстратешка гранка и е во изумирање. На пример за грла овци не се покачени субвенциите, а за се друго е покачено, дури и за лимонот се покачени субвенциите, рече Меѓит Амити потпретседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.

Тој вели дека како и минатата така и оваа влада многу ветувале за овчарската гранка, но на терен ништо не се исполнува. Поради тоа бројката на грла овци во Македонија постојано се намалува, а овчарите одлучуваат да ја продаваат стоката претежно во Косово. Вели дека индивидуалните овчари, но и овчарските стопанства се соочуваат со доцнење на субвенции кои неретко одат во раце на луѓе, кои немаат ниту една овца. За да се подобри состојбата мора да се врши поголема контрола и субвенциите да одат во прави раце.

-Ова влада многу вети, но ништо не стори. На пример вети зголемување на сточниот фонд преку одредени мерки, вети дека субвенцииите ќе ги дава на време, вети дека ќе има органска храна. Вети многу работи а каде се тие, јас само гледам дека одиме надолу. Сите овци ни заминаа во Косово, таму овчарите ги продаваат и кравите. Ќе дојде време ние тука ќе немаме ништо. И тоа ги продаваа на големо од Велес од Штип од Свети Николе постојано од таму се продаваат овци за Косово. На пример само во Тетово јас лично што знам има дваесет луѓе немаат ниту една овца, а земаат субвенции. Има човек што живи во сред Куманово а зема субвенции за 4000 овци. Значи пари се трошат а овци нема, рече Меѓит Амити потпретседател на Сојузот на земјоделци

Македонија пред две децении имаше 2 милиони овци, сега според проценките има едвај 400 000. Колку за споредба Србија пред две децениии имала 100 000 а сега има 2 милиони овци.

Голем број од овчарите се откажуваа од своите овци. Или ги продаваат, или ги колат, а месото го даваат по кланици и месарници по многу ниски цени. Индивидуалниот сточар Мисим Мисими од Шарпланинското село Јеловјане, моментално чува 500 овци. Но, вели дека токму поради цената и доцнењето на субвенциите одлучува секоја година да ги намалува грлата на овци.

-Не се исплаќа да чуваме овци. Цена ниска има многу. За Велигден ни доаѓаат тука ни го земаат јагнето за 140 денари од килограм, и на нас ништо не ни останува. Проблем е што и не можам овчар да најдам, со години барам и не можам да најдамм младите не сакаат тоа да работаат. Па мора мојата сопруга да се грижи за нив, да ги напасува овците во планина, вели Мисим Мисими кој цел живот се занимава со оваа дејност.

Од Сојузот на земјоделци, велат дека цената може да се подобри ако државата дозволи да се продава јагнето за време на празници надвор од границите на Македонија, но како живо. Тогаш цената би била поголема. А сега според нив, има неколку кланици кои ја диктираат цената во Македонија, и овчарите немаат друг избор и мора таму да ги продаваат јагнињата.

 

Поради намален фонд на овци, Македонците јадат растително сирење.

 

Од овчарското стопанство Агро Драгоево кое чува околу 4000 овци и произведува овчо сирење, велат дека поради нелојалната конкуренција, како тие така и неколку други стопанства кои се занимаваат со производство на сирење се откажуваат од оваа дејност.

-Со сирењето е болно прашање, дека народот јаде растително сирење. Сирење од овци не јаде, кој зне дали има 15 % овчо сирење друго е се растително. Мора да се контролира и да се внимава кога се даваат сертификати. Инспектори излегуваат на терен, и еве сега имаше некои контроли, и во ниту еден маркет не нашле чисто овчо сирење. Ставаат млеко во прав и го продаваат како овчо сирење. Мора да има контроли но и казни ригорозни, за да се заштитат тие кои продаваат чисто овчо сирење, велат од овчарското стопанство Агро Драгоево.

 

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close