При поволни услови и позитивна температура на воздухот да се изврши
отстранување и горење на мумифицирани овошни плодови останати од минатата година,
затоа што во нив презимуваатнекои форми на габни болести. Исто така ако има суви
гранки се сечат до здравото ткиво, се изнесуваат надвор од насадот и се горат.
Направените рани се премачкуваат заштитна материја или со мрсна боја. Се спроведува
зимско прскање против зимските форми на штетници, габни и бактериски болести.
Прскањето се изведува при суво време, температура на воздухот над 0°С и да нема
ветар. Се припрема раствор од бордовска чорба 1% и Акаризин 3%, со кој дрвјата се
прскаат.
По поминување на зимските студови во текот на месец март и почетокот на април
се врши резидбана овошките. Пред резидбата секое дрво се прегледува внимателно и се
оценува што треба да се направи. Се врши осветлување на круната, така што се
отстрануваат сите гранки кои растат паралелно или навнатре и меѓусебно си пречат. На
дрвја кои раѓаат и плодоносат, но се со послаб вегетативен раст, треба да се изврши
посилно скратување на родните гранчиња. И обратно при поразвиени дрвја,
скратувањето на родните гранчиња е послабо. Во третата декада на март до средината
на април, во зависност од различните овошни видови се врши прскање пред цутење со:
соодветни фунгициди и инсектициди (Пр:фунгицид – Тирам 80 ВГ 0,3% плус еден од
следниве инсектициди – Нурел Д 0,05%; Децис 2,5 ЕК 0,03%;Фастак нов 100 ЕК 0,02% и
др.). Понатака може да се примени варосување на стеблата со 20% раствор на гасена
вар. Секогаш после работа со препарати за заштита на растенијата, да се зема
безалкохолен пијалок или јогурт или млеко.
Завршува резидбата на овошни видови кои порано се развиваат, но истовремено
почнуваат и потребните агротехнички мерки. Пред набабрување на папките,
задолжително, речиси сите овошни видови се третираат со 1-,5% бордовска чорба против
кадравост на праската; кај јаболката против рано кафеаво гниење и плутесто ткиво, кај
крушата против фузикладиум, рано кафеаво гниење и др. Нови овошни садници се садат
во овој период ако тоа не се направило во текот на есента. Резидбата при садењето на
садниците е една од најважните мерки која придонесува за добро прифаќање на
садниците. Кај јаболкото – кај сорти кои се чувствителни на плутесто ткиво се третираат
со раствор од бордовска чорба – 1% или купроцин 0,4%. До цветање се извршуваат 2
третирања.