fbpx
ВестиТоп вести

Грозјето да не се третира со препарати за да созрее побрзо

Грозјето да не се третира со хемиски препарати за да созрее порано, туку да се исчека на природен начин да ја достигне својата зрелост. Ваков апел до лозарите испрати Благоја Мишковски, професор по стручни предмети во средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“ во Kавадарци.

grozjeto da ne se tretira so preparati za da sozree pobrzo

 

– Имам многу години работно искуство, а и самиот имам лозје. Низ повеќегодишното следење на состојбите во лозарството сум сфатил дека поединци применуваат нерегуларни методи за да го созреат предвреме грозјето во своите лозја. Ова се случувало главно кога се во прашање десертни сорти грозје, а целта е да се постигне поголема цена – кажува професорот.

Тој појаснува дека е во ред во недостиг на доволно калиум на виновите лози да им се дозираат соодветни дозволени препарати богати со калиум преку лисјата и почвата. Тоа меѓу другото, вели тој, ќе придонесе и за побрзо зреење на гроздовите зрна.

– Но, во никој случај не е дозволен третманот со хемиски средства за брзо зреење на база на етилен, амонијак и слично за кои се знае дека се употребувале за побрзо зреење на грозјето, но и на лубениците и доматите и другите производи што се обоени. Така третираните производи ќе скапат ако заврне, но најголем проблем е ако некој ги консумира. За жал, во текот на годините се покажа дека постојат земјоделци што имаат посебен ред во нивата или посебна фолија во која земјоделските култури се малку третирани со пестициди и од кои се добиваат производи за домашна употреба – дециден е професорот.

Затоа, предупредува несовесните лозари да бидат внимателни и да не си играат со оган оти можат да се изгорат. Препорачува грозјето да се чека да созрее спонтано, а не сосила.

– Ова е сериозна работа и евентуалните злоупотребувачи на хемијата во лозарството можат да се судрат со законот – додаде тој.

Професорот, сепак, рече дека ова не важи за повеќето од лозарите што совесно му приоѓаат на производството на квалитетно трпезно грозје.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close