fbpx
ВестиТоп вести

Земјите од Западен Балкан ги здружуваат силите на патот кон одржливост

 

 

– Климатските  промени станаа прашање на национална безбедност и опстанок за многу земји, како што ја зголемуваат ранливоста на природните ресурси преку зголемената зачестеност и сериозност на екстремните временски настани.

 

Климатските промени, истотака, влијаат на производството на храна и вредносните синџири и предизвикуваат значителни штети и загуби во земјоделското производство, одгледувањето добиток, риболовот и шумарството.

 

Целтана дводневната  конференција во Тирана, која започнува денеска, е да ги собере претставниците од Албанија, Северна Македонија,  Босна и Херцеговина, ЦрнаГора и Србија, да разговараат за националните приоритети за климатска акција. Учесниците ќе ги дефинираа тможностите за усвојување заеднички план за климатска акција за Западен Балкан, што би требало да послужи како основа за разво јна регионални проекти и програми.

 

Голем  број на пори се вклучени восправувањето со климатските промени во земјите од Западен Балкан, вклучително воведување на климатските промени во националното планирање, јакнење на институционалната координација и знаење за развојна политики за климатски промени и спроведување на соодветни активности, решавање на недостатоците во податоци и подобрување на методологиите за проценка на влијанијата врз земјоделството и сродни сектори, собирање точни и ажурирани информации и воспоставување и ажурирање на базите на податоци за емисиите на стакленички гасови.

 

Земјите од Западен Балкан се обврзаа да обезбедат ефективна имплементација на Парискиот договор и Агендата2030 за одржлив развој, а достапноста на финансиски ресурси за финансирање на итни мерки заублажувањена и прилагодување кон климатските промени  е од голема важност за овие напори. За таа цел, ФАО им помага на земјите во пристапотдо финансиски извори заживот насредина и климатски промени, како Зелениот климатски фонд и Глобалнио фонд за животна средина.

 

 

“Економскиот раст на земјите од Западен Балкан зависи од природни ресурси чувствителни на климатските промени, што доведува до високи трошоци за ублажување и адаптацијата кон климатските промени”, истакна Владимир Рахманин, Помошник-генералендиректорна ФАО и Регионален претставник на ФАО за Европа и ЦентралнаАзија. “Силно јавно чувство за одржливоста на животната средина и климата се појавува во сите делови на светот, но распределбата на финансиската поддршка е нееднаква, а земјите од Западен Балкан имаат потреба од зголемени финансиски ресурси за да можат да сесоочат со климатските предизвици.”

 

Настанот, истотакаима за цел да им помогне на земјите од регионот да ги споделат своите искуства, фокусирајќисе на можностите за меѓусебно надополнување на напорите за ублажување на климатските промени и за намалување на сиромаштијата. Ќе се разговара и до кое ниво се напорите на земјите за спроведување на националните  придонеси кон климатските  промени (NDC).

 

ФАО и Програмата за животна средина на Обединетитенации(УНЕП) соработуваат за да развијат детален прирачник за поддршка на напорите на земјите во Европа и регионот на Централна Азија за подобро разбирање на можностите и барањата за пристап до климатски финансии.

 

“Овој прирачник ќе биде објавен подоцна во 2019 година и ќе претставува важна алатка за одржливо  управување соприродните  ресурси  под влијание на климатските промени, како еден од главните приоритети за земјите во ово јрегион”, додаде Рахманин.

 

ЛИНК:

Министерскаконференцијаза “РегионалнаклиматскаакцијавоЗападенБалкан”

www.fao.org/europe/events/detail-events/en/c/1186338/

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close