fbpx
ВестиВидео/интервјуаТоп вести

Синиша Петровиќ – Во иднина парите нема да бидат проблем, туку работната сила и нејзината стручност

Во услови на големи турбуленции во нашата држава, како политички, така и економски,  да се води една компанија и да се биде успешен воопшто не е лесно. Како тоа му успева на менаџерскиот тим во „Синпек ДОО“- Битола „Зелена берза“ разговара со еден од сопствениците г-дин Синиша Петровиќ,дипломиран економист.

З.Б. Вие сте дел од тимот на реномираната  компанијата Синпекс ДОО“- Битола, која години наназад претставува синоним за дистрибуција на најквалитетните производи за земјоделството, шумарство и градежништво. Гледано од оваа дистанца наназад, на почетоците на компанијата  кои ги направи вашиот татко, Славко Петровиќ, се надевавте ли дека ќе стигнете до ова ниво?

С.Петровиќ: Не. Дефинитивно не. Амбициите на почетокот беа многу скромни, мали, но имавме волја која и ден денес ја имаме и не води само напред. Еве 30 години не сме застанале во ниту еден момент и тоа не довело до она што сме денес.

З.Б. Препознатливи сте по бројните светски брендови што ги донесовте во земјава, кои станаа синоним на вашата компанија.Колку ги има во моментов?

С. Петровиќ: Во моментов ги има над 30 во сите сектори. „Синпекс“ беше принуден да ја гради својата кариера на мал и ограничен пазар.И покрај ова успеа да развие широка палета на производи, не својствена за ваков тип компании на Запад. Многу е тешко да се опстане  на таа линија. Таа линија веројатно не прави помалку професионални со слични фирми во Еворпа, но исто така ни дава повеќе опции за развој. Тој пат бил постојано двоумење, дали да се тргне по патот на ширење на палета на производи  или да се оди во длабина и во специјализација. До пред извесно време се водевме  од тоа да одиме во ширина, но последните 5 години гледаме таа ширина да не ја зголемуваме  и повеќе да одиме во специјализација. Во овој момент  инвестираме големи средства во едукација на вработените  во странство, во искусни земји од Европа. Сакаме да влеземе во еден процес на професионализација што досега ја немавме.

Нашите програми ги ограничивме спрема клиентите.Ако нашиот клиент е земјоделска компанија, стопанство или било што друго.Анализиравме кои се нивните потреби, гледавме да се инволвираме во нивните потреби и така се развивавме.

Во другиот дел  од „Синпекс“ имавме градежни компании, комунални организации и така ги развиваме своите потреби, така што дојдовме до багери, булдожери, градежни машини.

Во основа сакаме да ја средиме компанијата на една работа „специјалист за да ги услужи вашите потреби“ така што ние се појавуваме  како глобална услужна организација за компаниите што работат било во сектор земјоделие, градежништво или комуналии.

 

З.Б. Што е она што ве води напред да успеете со компанијата?

С.Петровиќ: Желбата да се успее. Вивната компанија, што лета е на исто рамниште како дете. Како сопствено дете  што го сакаш, негуваш, го растеш, му посветуваш внимание. Го едуцираш детето, а воедно се едуцираш и самиот . Ги примаш сите радости  и болки од работењето, делиш и арно и лошо, се ‘ со компанијата.

Токму затоа мојата порака до сите оние што имаат свои приватни компании, ако нешто запне, да не се разочаруваат, туку секогаш борбата да ја продолжуваат. Стално ќе наидуваат на затворени  врати, никогаш вратите не те чекаат отворени, мора да ги отвораш сам, да ги отвораш вратите за патот да продолжи понатаму. Најмногу грешат кога наидуваат на затворена врата и  некој проблем кога се враќаат назад и велат „оваа работа не оди“. На патот што се оди  наидуваме на 1000 проблеми. Успех е кога тие проблеми се решаваат , и нема враќање назад.

 

З.Б. Покрај добра заработка, ви донесе ли работата повеќе пријатели или непријатели?Тоа значи и многу пријатели кои може да се најдат во мака, но и од овие другите кои не се толку пријателски настроени.

С.Петровиќ: Долгогодишното постоење значи многу работа, патувања, спомени.Секако  и пријатели, па и непријатели, ги има и едните и другите. Имаме голем број деловни пријатели кои прераснале во семејни пријатели, како во странство, така и во земјава. Непријателите не се непријатели во правата смисла на зборот , туку конкуренција. Тоа е нормална работа и така треба да бидат сфатени .Најпроблематични и најболни непријателства се оние што се во твоја близина, во фирмата. Тоа е ретко, но и тоа сме го виделе и сме го надминале.

 

З.Б. Живеете и функционирате во држава каде многу долго трае транзицијата и многу е тешко да се одржите на пазарот.Како успевате толку долго да им пркосите на предизвиците, да опстанете и да се справите со сите проблеми што ги носат економските показатели како од домашната така и странската економија?

С.Петровиќ: За тоа се важни три елементи. Прво треба многу труд. Второ потребно е учење и тоа многу. Учењето е процес што не престанува. Оној момент кога ќе застанеме со учење, тогаш во тој момент си веќе назад. Споредено тоа е како антивирус програма. Ако антивирусот не ги добие дневно апдејтите веднаш  вирусот за краток период ќе нападне. Затоа треба постојано учење. Третиот елемент  што поретко го гледаме, но е исто така важен е само корекција. Тоа е да си ги видиш  грешките и да си ги коригираш. Сите грешат , нема некој што е имун на грешки. Не е страшно да згрешиш. Страшно е да не си ги гледаш грешките и не ги корегираш.Тоа се трите елементи кои не воделе напред во текот на годините.

 

З.Б. Колку успевате да ги следите трендовите од надвор и истите да ги донесете тука? Колку успеавте да ги следите новините на науката и технологијата?

С.Петровиќ: Интензивно следиме што се случува низ цел свет. Сме биле на саеми што се одржуваат од Кина до Америка. Нема континент и земја каде што има саем  каде што не сме биле  и не сме виделе. Сме посетиле и сме влегле во  многу  фабрики. Во последните 10 години не само менаџерскиот тим, туку цела екипа на „Синпекс“ посетува саеми. Во првите 4 месеци од оваа година веќе 5-6 екипи посетиле неколку саеми што значи интензивно следење на состојбите и новитетите на светскиот пазар. Се обидуваме да ги донесеме новитетите , многупати тие новитети не биле лесно прифатени. Дефинитивно некои работи што сме ги носеле во 90 – те години позитивно се рефлектирале дури во 2000-та Тој процес е долг и не е едноставен. На луѓето им треба време да ги сфатат работите. Дефинитивно тој процес кога ќе се реализира економски е поволен и благороден и за земјата  и за граѓаните воопшто.

 

З.Б. Го имате ли достигнато врвот на успехот?

С.Петровиќ: Врвот нема крај. Не дека сме ние преамбициозни или сме ненаситни. Слично како и во образованието каде постојат повеќе степени на образование и не завршуваш со одбрана на дисертации, така  е и во бизнисот. Секој ден го следиме пазарот и чувствуваме дека и тоа како можеме да им конкурираме на многу други странски компании. Ако сме малку поорганизирани способни сме да им конкурираме и на најдобрите. Нашиот успех е како успехот на планинарот. Кога ќе освои еден врв оди да освои друг, трет, итн.Така е и во бизнисот.

З.Б. Кои се вашите предизвици за во иднина? Синпекс ви е семеен бизнис, дали третата генерација има желба да го продолжи она што вие го развивте?

 

С.Петровиќ: Да ја зачуваме компанијата во една добра форма.Ние старееме и треба во некој нареден период да направиме примопредавање со третата генерација на млади. Полека, полека тие процеси да ги направиме помалку стресни и во основа да се зачува компанијата, оти компаниите како и многу други работи се минлива категорија. Некојпат живеат, некојпат умираат во зависност од тоа колку компанијата се одржува. Нашите деца својата  иднина ја гледаат во Македонија иако сите студираа во странство. Биле таму и се вратиле, тоа е добро.

З.Б. Компанијата има над 70 вработени лица. Дали во иднина планирате  да се ширите и да ја зголемувате таа бројка?

С.Петровиќ: Не се сомневам дека ако добиеме шанса и можност дека ќе ја шириме компанијата. Прашање е дали ќе шириме една или повеќе компании. Доколку се задржиме во секторот трговија веројатно ќе биде една компанија, ако се прошириме во некој друг сектор може да бидат и други компании. Дефинитивно сакаме да се шириме. Најголемиот проблем што го гледаме ќе бидат кадрите и нивната стручност. Македонија се соочува со еден страшен недостаток на работна сила. Мислам дека во иднина нема да бидат проблем ниту парите, ниту бизнисите . Работната сила ќе биде  проблем број еден, а како втор, нејзиниот квалитет, знаење и стручност. Во минатото, школството беше сведено на многу ниски гранки. Децата се деца, таков материјал  што како тестото  можете да го моделирате како што сакате, но ако го обликувате лошо тогаш има проблем.

 

З.Б. Има ли иднина за земјоделството во  државата?

С.Петровиќ: Очекуваме дека во некој нареден период, Македонија како што ќе пристапува кон ЕУ и како што ќе се бришат границите и се релаксираат процесите,  ќе има повеќе пари за земјите во развој. При тоа најголема катастрофа ќе биде необработената земја која ја има многу. Не можe македонските ниви да остануваат необработени. Тоа е страшно. Од цела Европа и цел свет се бара  повеќе обработена земја  и поголемо производство. Земјоделството и водата се двете најважни работи за иднината на светот, оти населението се зголемува, а нема доволно храна. Нема агротехнички мерки со кои производството на храна би било поголемо од тоа што е денес. Најстрашно е што земјата останува необработена. Битни се човечките ресурси и технологијата, но најбитна е земјата. Не гледам владини мерки, ниту  порано, ниту сега во тој сегмент  и да се намали необработената земја. Уште има голем дел од земјата што не се обработува. Гледавме само делумни  обиди да се направи комасација и мелиорација  на земјиштето, но реално не гледам успех од тоа и некој развој. И покрај високите субвенции (кои и не се толку високи) организирање средби, разговори, емисии, сепак развој нема. Потребни се многу инвестиции,знаење, труд и многу време. Времето фактор е најважен што треба граѓаните да го сфатат. Времето е нешто што мора да помине оти не може се преку ноќ. Инвестициите, парите, земјата, механизацијата и уште многу други работи се ништо без факторот време.

 

Павлина Јовановска

Слични написи

Back to top button
Close