Фото галерија: Зелена берза во посета на  „Еленов гребен“, Словенија

(Oвој напис е објавен на: November 16, 2018)

 

 

 

„Кај нас утрата се поинакви“  веќе некое време ова е слоган на економијата „Еленов гребен“ во Словенија. Во овој слоган  се увери и Зелена берза при неодамнешната посета. Место каде спојот на убавото со практичното создал простори за подеданкво уживање и рај за сите човекови сетила. Одличен пример, како со добра идеја и јасна визија за бизнис може да се направи одлична туристичка понуда. Природен резерват каде подеднакво може да се ужива во природните убавини, одблизу може да се дружите со елени и срни, а и да се ужива во традиционална храна и пијалоци. „Еленов гребен“ претставува туристичка атркација која години наназад надополнува нова туристичка понуда.

  

 

Се наоѓа во близина на манастир на сртот  Рудница,на површина од 8 ха заедно со третата најстара аптека во Европа.

Бизнисот го почнал 18 годишниот Борут Јежовник. Полн со енергија и нови идеи, со јасна визија и, се разбира, со поддршка на семејството, ја создал вистинската туристичка бајка.

  

 

Прво продавале говеда, купиле 75 елени  од Бриони – од Хрватска. Потоа се занимавале  со одгледување габи – печурки со нивно  конзервирање и преработка. На местото од шталите изградиле  гостилница, а на  гостите никогаш не им било досадно.

Бидејќи посетителите  овде секогаш се чувствувале убаво и сакале да останат уште некој ден, биле изградени дополнителни соби и апртмани.

 

  

Пансионите  »Ребека« и «Каролина»  биле именувани  по имињата на првите две ќерки. И бидејќи  зад секој успешен човек стои  успешна жена, и овде не било поинаку. Куќата ја крепела жена. Асунта, која имала  три ќерки,  најмладата Лара. Заедно со нивниот дедо Иван и мајката Аница, биле  заглавени во секојдневните работи, се’ со една цел – да ги задоволат барањата на  гостите.

 

Секој на свој начин придонесувал  секој посетител на „Еленовиот гребен“ да се чувствува добредојден. Клучот на успехот бил, да се слуша гостинот, и од тој  аспект на развој, за секоја идеја  се наоѓал соодветен и компетентен кадар.  Семејствот Јежовник го помагаат 20 вработени членови, без кои не би било  толку успешно.

  

Бидејќи гостите сакале да понесат по нешто оттаму, на гребенот развиле и трговија  на домашни производи, со што денес има развиено цела  линија на деловни подароци.

 

  

Во 2009 година наместо лозје подигнат е овоштарник со стари сорти на јаболка. Покрај него има и простор за спортски активности и свечени настани каде може да се забавуваат 150 гости.

 

„Што е ново оваа година? “ е прашањето што го поставуваат гостите кои повторно се враќаат да го посетат ова место, што за сопствениците  е  најголемиот можен комплимент.

 

Павлина Јовановска

Зелен берза